Кајали (, Литотопос; до 1927 г. Καγιαλή, Кајали) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Кајали било мало село во Серската Каза.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Канли брои 420 жители, од кои 300 Турци и 120 Роми.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 268 жители, а во 1920 г. се намалило на 115 лица.
Во 1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место власта довела грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско со 114 жители.
Поради поволната местоположба во Кајали се доселиле жители од попасивните села. Така, во 1940 г. селото имало 334 жители. Особен прилив на дојденци имало во 1950-тите, кога во него се сместиле и жителите на напуштеното Ортаќој (Орта Маало). Подоцна населението почнало да опаѓа поради иселување во поголемите градови.
Население
Наводи
Категорија:Долна Џумаја