„Црвените светла“ (англиски: Red lights) — филм од 2012 година, во режија на Родриго Кортес (Rodrigo Cortés), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Сигурни Вивер (Sigourney Weaver), Роберт Де Ниро (Robert De Niro), Силијан Марфи (Cillian Murphy), Тоби Џонс (Toby Jones), Елизабет Олсен (Elizabeth Olsen) и Џоули Ричардсон (Joely Richardson).HRT, Crvena svjetla, američko-španjolski film (2012.) (пристапено на 3.3.2024)
Содржина Д-р Маргарет Метсон (ја игра Вивер) е умна жена која е посветена на разобличувањето на измамите за таканаречените паранормални појави. Таа работи со својот соработник, физичарот Том Бакли (го игра Марфи). По пауза од неколку децении, во јавноста повторно се појавува познатиот медиум Сајмон Силвер (го игра де Ниро). Неговиот настап пред публиката се поклопува со ненадејната смрт на д-р Метсон, а и нејзиниот претходник во истражувањето умрел во слични околности. Нејзината смрт го мотивира Бакли темелно да се посвети на истражувањето на способностите на Сајмон Силвер со намера јавно да го разобличи и да докаже дека се работи за голема измама...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Шпански филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Родриго Кортес Категорија:Филмови со Сигурни Вивер Категорија:Филмови со Роберт де Ниро Категорија:Филмови со Силијан Марфи Категорија:Филмови со Елизабет Олсен Категорија:Филмови со Џоули Ричардсон Категорија:Филмови со Тоби Џонс Категорија:Трилери Категорија:Филмови од 2012 година