Thin Lizzy ― ирска хард-рок група основана во Даблин во 1969 година. Првата постава на Thin Lizzy се состоела од: бас-гитаристот, фронтмен и главен текстописец Фил Лајнот, тапанарот Брајан Дауни, гитаристот Ерик Бел и оргулистот Ерик Виксон; Вриксон си заминал по само неколку месеци. Откако Бел ја напуштил групата кон крајот на 1973 година, во групата веднаш како водечки гитаристи дошле: Скот Горхам, кој останал со групата до нивното распаѓање во 1983 година, и Брајан Робертсон, кој во 1978 година бил заменет со Гери Мур. Мур бил заменет со Snowy White во 1980 година и Џон Сајкс во 1982 година. Во 1980 година на составот се приклучил и клавијатуристот Дарен Вартон. Меѓународни хитови на групата биле: „Whiskey in the Jar“ (1972), „The Boys Are Back in Town“ (1976) и „Waiting for an Alibi“ (1979); неколку албуми на „Thin Lizzy“ стигнале до топ-10 во ОК. Музичкиот стил на групата бил под влијание на многу правци како: блуз, соул-музика, психоделичен рок и традиционална ирска народна музика, но обично се сметаат за хард-рок или понекогаш за хеви-метал група.

Водач на групата бил Фил Лајнот, а тој ги напишал или бил котекстописец на речиси целиот материјал на групата во нејзиното 14-годишно постоење и дванаесетте студиски албуми. Тој бил прв црн Ирец кој имал комерцијален успех во рок-музиката. Покрај тоа што групата се состоела од членови од различни раса, во неа членувале музичари од двете страни на ирската граница, а и од католичката и од протестантската заедница за време на „Неволјите“.

По смртта на Лајнот во 1986 година, со текот на годините групата била неколкупати возобновувана, првично околу гитаристите Горхам и Сајкс, иако Сајкс ја напуштил групата во 2009 година. Горхам подоцна продолжил со нов состав во кој бил и Дауни. Во 2012 година, Горхам и Дауни одлучија повеќе да не снимаат нов материјал под името Thin Lizzy и за турнеи и нови албуми основале нова група наречена Black Star Riders. По ова, членовите на Thin Lizzy се собирале повремено за одржување концерти.

Магазинот „Ролинг Стоун“ ја опишува групата како изразито хард-рок, „многу далеку металот од средината на 70-тите“.Thin Lizzy. Критичарот на AllMusic Џон Дуган напишал дека „Како креативна сила на групата, Лајнот бил подетален и поинтелигентен текстописец од многумина негови колеги, претпочитајќи да пишува за љубовните драми и омрази на работничката класа под влијание на Боб Дилан, Брус Спрингстин и всушност целата ирска книжевна традиција“.[ Thin Lizzy: Biography].

Историја

Пред основање Двајца од основачите на Thin Lizzy, бас-гитаристот и вокалист Фил Лајнот и тапанарот Брајан Дауни, се запознале додека биле на училиште во Даблин во раните 1960-ти. Лајнот, роден на 20 август 1949 година во Вест Бромвич, Англија, од мајка Ирка и татко од Гвајана живеел во Даблин од негова тригодишна возраст. Дауни е роден на 27 јануари 1951 година во Даблин. Лајнот во 1963 година како пејач се придружил на месната група Black Eagles, а Дауни бил ангажиран како тапанар во 1965 година. Во 1967 година, Лајнот се придружил на групата Skid Row. На групата во 1968 година ѝ се приклучил тинејџерскиот гитарист од Белфаст Гери Мур. По разочарувачкото телевизиско појавување во јуни 1969 година, Шилс го отпуштил Лајнот од групата, но тие останале во добри односи. Лајнот потоа ја основал групата Orphanage, со Дауни на тапани.

Гитаристот Ерик Бел, роден во Белфаст на 3 септември 1947 година, својата музичка кариера ја започнал свирејќи во локални групи како што се Deltones, Shades of Blue и Bluebeats, и последната инкарнација на Them со Ван Морисон. Бел потоа се преселил во Даблин и се придружил на групата Dreams, но заминал во 1969 година за да основа рок-група. Еден познаник на Бел, оргулистот од Белфаст, Ерик Вриксон, исто така поранешен член на Them, исто така се преселил во Даблин и имал слични планови да напредува во рок-музиката.

Почетоци (1969–1972) мини|Брајан Дауни, Фил Лајнот и Ерик Бел, тројца од четирите основачки членови на Thin Lizzy Thin Lizzy била основана во декември 1969 година откако Бел и Вриксон случајно се сретнале во еден паб во Даблин. Вечерта отишле на концерт на групата Orphanage, во која членувале тапанарот Брајан Дауни и вокалистот Фил Лајнот. По концертот, Бел и Риксон им предложиле на Лајнот и на Дауни заедно да основаат група. Лајнот и Дауни биле запознаени за добрата музичка репутација на Бел, и се согласиле под услов Лајнот да свири бас гитара и да пее, а групата да изведе некои од композициите на Лајнот. Подоцна во сè уште неименуваната група им се приклучил Вриксон.

Во јули 1970 година, групата го издала синглот „The Farmer “/„I Need You“, со издавачката куќа EMI. Синглот бил продаден во само 283 примероци и сега е колекционерски предмет. Риксон ја напуштил групата пред објавувањето на синглот, што значело дека поголем дел од приходот бил поделен меѓу тројцата преостанати членови. Риксон се преселил во континентална Европа пред да се врати во Белфаст за повторно да се приклучи на својата стара група, Them. Риксон починал на 13 јули 2015 година.

Кон крајот на 1970 година, Thin Lizzy потпишале договор со Decca Records и во јануари 1971 година заминале за Лондон за да го снимат нивниот прв албум, Thin Lizzy. Албумот се продавал добро, но не успеал да се најде на топ-листите во ОК, и покрај емитувањето и поддршката од влијателни диџеи како Џон Пил и Кид Џенсен.

Во март 1971 година, групата трајно се преселила во Лондон и го објавувила неуспешното EP „New Day“ во август. И покрај слабата продажба, Дека се согласила да го финансира вториот албум на групата Shades of a Blue Orphanage, објавен во март 1972 година. Музичкиот стил на албумот бил комбинација на келтски мотиви и примеси на хард-рок. И овој албум не се нашол на топ листите во ОК.

Во средината на 1972 година, од Thin Lizzy било побарано да сними албум со преработки од Deep Purple. Албумот бил издаден во јануари 1973 година под наслов Funky Junction Play a Tribute to Deep Purple.

„Whiskey in the Jar“ (1972–1974) алт=The band pose with their instruments for a black-and-white photo and look to the camera|мини| Thin Lizzy на почетокот од 1974 година на TopPop. Од лево на десно: Брајан Дауни, Фил Лајнот, Гери Мур. Кон крајот од 1972 година, групата тргнала на турнеја со висок профил во Велика Британија со Слејд и Сузи Кватро. Речиси истовремено, Decca ја издала верзијата на Thin Lizzy од традиционалната ирска балада, „Whiskey in the Jar“, како сингл. Групата не била задоволна од ова, сметајќи дека песната не е во склад со нивниот звук и нивниот имиџ, но синглот се искачил на врвот на ирската топ-листа и стигнал до бр. 6 во ОК во февруари 1973 година, и како резултат на тоа групата се појавила на Top of the Pops. Исто така, се нашла на топ-листите во многу земји низ Европа. Следниот сингл, „Randolph's Tango“, со препознатливиот стил на Лајнот, се нашол на топ-листите само во Ирска.

Следниот албум на групата, Vagabonds of the Western World, бил издаден во септември 1973 година, но повторно не успеал да се најде на топ листите. Придружниот сингл „The Rocker“ бил успешен само во Ирска.

По настапот на Универзитетот Квин во Белфаст на 31 декември 1973 година, Ерик Бел ја напуштил групата поради лошо здравје и поради разочарување од музичката индустрија. Тој веднаш бил заменет со поранешниот гитарист од Skid Row, Гери Мур, кој ја довршил турнејата. Мур останал во групата до април 1974 година; групата снимила три песни со него вклучувајќи ја и верзијата на „Still in Love with You“ која била вклучена на четвртиот албум Nightlife.

По заминувањето на Мур, Лајнот одлучил да ја прошири поставата со двајца гитаристи и ангажирал два нови члена за да ја заврши турнејата низ Германија во мај 1974 година. Оваа постава била привремена бидејќи Лајнот и еден од гитаристите Џон Кан не успеале да се договорат, а другиот гитарист Енди Џи бил под договор со друга издавачка куќа. Турнејата била предвреме завршена, а разочараниот Дауни ја напуштил групата. Тој бил замолен да ја преиспита одлуката кога договорот на Thin Lizzy со Decca бил при крај.

Имало аудиции за нови членови, а Лајнот и Дауни на крајот се договориле со 18-годишниот гитарист од Глазгов Брајан Робертсон и Скот Горхам од Калифорнија. Новиот состав брзо нашол меѓусебно разбирање, и обезбедил нов договор за снимање со Phonogram. Но, следниот албум Nightlife бил разочарување за групата поради неговата блага продукција и неразвиениот стил. Робертсон ја нарекол продукцијата на Рон Невисон „прилично невкусна“, а Горхам рекол дека записот е „смешен и досаден“. Како и претходните три албуми, не успеал да се најде на топ-листите; бил продаден во околу 10.000 примероци.

„The Boys Are Back in Town“ (1975–1977) алт=A black-and-white photo of the band|мини| Скот Горхам, Брајан Робертсон, Брајан Дауни, Фил Лајнот, промотивна фотографија, 1977 година На почетокот од 1975 година, Thin Lizzy за прв пат биле на турнеја во САД, како поддршка за Боб Сигер и Bachman–Turner Overdrive (ВТО). Кога BTO биле на турнеја низ Европа за поддршка на нивниот хит-сингл „You Ain't Seen Nothing Yet“, Thin Lizzy повторно ги придружувале на турнејата. Thin Lizzy потоа го снимиле албумот Fighting, кој станал прв албум кој влегол на топ-листите во Велика Британија и стигнал до 60-тото место, но сингловите од него не се нашле на топ-листите. На албумот за прв пат се појавил звукот на двојна гитара што ќе ја одведе групата кон нивните најголеми успеси, особено со двојната хармонија на „Wild One“ и солото на двата гитаристи на „Suicide“.

По успешната турнеја како поддршка на Status Quo, групата го снимила албумот Jailbreak со кој се пробиле во светски рамки. Албумот бил објавен на 26 март 1976 година и го содржи светскиот-хит „The Boys Are Back in Town“ кој стигнал до бр. 8 во ОК и бр. 12 во САД. Албумот исто така добро котирал на топ листите на двете страни од Атлантикот, достигнувајќи дестто место во ОК и 18-то место во САД. Звукот на двојната гитара веќе бил целосно развиен и бил присутен низ целиот албум. Thin Lizzy биле на турнеја низ САД како поддршка на различни групи како: Aerosmith, Rush и REO Speedwagon, и планирале повторно да гостуваат таму во јуни 1976 година, овој пат со Rainbow. Меѓутоа, Лајнот се разболел од хепатитис и турнејата била откажана.

Додека Лајнот бил болен, тој го напишал најголемиот дел од следниот албум, Johnny the Fox. Албумот бил снимен во август 1976 година, а на сесиите излегле на површина тензиите меѓу Линот и Робертсон. Лајнот сè уште се потпирал на келтската митологија и неговите лични искуства за лирски идеи, кои доминираа на Johnny the Fox и на другите албуми од успешниот период на Thin Lizzy во средината на 1970-тите. Турнејата за поддршка на албумот била многу успешна и следувале дополнителни ТВ-настапи, како што е ТВ Специјалот од Род Стјуарт на Би-Би-Си.

Важната турнеја низ САД во декември 1976 година морало да биде откажана откако Брајан Робертсон ја повредил раката во тепачка додека се обидувал да го одбрани својот пријател. Робертсон тврдел дека, за разлика од извештаите од тоа време, тој не бил пијан и отишол на местото само на доручек. Лајнот бил лут и го заменил Робертсон со Гери Мур за уште една турнеја низ САД во периодот јануари-април 1977 година, овојпат поддржувајќи ја групата Квин. Турнејата била успешна и Лајнот го замолил Мур да остане, но тој се вратил во неговата претходна група, Колосеум II. Робертсон не бил отпуштен, но тој не бил сигурен за својата позиција во групата и правел планови да основа друга група со Џими Бејн од Rainbow.

Тројцата преостанати членови од Thin Lizzy полетале за Канада во мај 1977 година за да го снимат албумот Bad Reputation. Еден месец по почетокот на работата, Робертсон им се придружил како гостин-музичар, придонесувајќи со гитарски делови за три песни, а како резултат на што тој официјално бил вратен во групата во јуни истата година. Албумот бил објавен во септември и добро се продавал. Исто така, во 1977 година, Thin Lizzy биле насловна група на Фестивалот во Рединг.

Враќање на Гери Мур (1978-79)