Движење ЗНАМ - За наша Македонија (ЗНАМ) — македонска политичка партија со левичарска идеологија основана од поранешниот член на СДСМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
Идеологија Максим Димитриевски ги опишува неговите ставови како социјално и економски левичарски но национално десничарски од центарот. Димитриевски рече дека главната цел на неговата партија ќе биде обединување на граѓаните и враќање на државата на вистинскиот пат кон темелите на нашата државност. Целта на партијата не е да биде опозиција, туку да ја освои власта, а првиот чекор од оваа позиција ќе биде укинување на последните измени на Кривичниот законик, донесени под „европско знаме“. Димитриевски рече дека неговото движење може да ги привлече и подржувачите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ но повеќето од нив ќе бидат неопределени граѓани кои не се занимавале со политика и имаат можности да ја покажат нивната работа".
Историја На 9 октомври 2023 година се одржа основачкиот конгрес на партијата ЗНАМ. На конгресот претставници на 10 граѓански здруженија потпишаа иницијатива за формирање партија. За претседател е избран Максим Димитриевски, а како дел од претседателството се именувани Катерина Тодороска, Емил Јанески и Весна Бендевска. На 23 декември 2023 година, регистрацијата на партијата ЗНАМ беше завршена. Движењето ја објави својата намера да учествува на двојните избори во 2024.
Резултати од изборите Година на избориВодачБрој на гласови% на гласовиБрој на мандати+/–Влада2024Максим Димитриевски56.277 5,75
Наводи
Надворешни врски Движење ЗНАМ
Категорија:Политички партии во Македонија