Буково — историско село во Ресенско, денес во крајниот јужен атар на селото Свиништа, Општина Охрид.
Географија Селото се наоѓало во густа букова шума на планински превој меѓу Галичица од југ и Плакенска Планина на север, на надморска височина од околу 1.200 м. Лежело кај изворите на Крива Река, под врвот Бандера. Денес местото е на самата граница со Општина Ресен (крајниот источен агол на атарот на Горно Крушје).
Историја Буково било старо македонско село кое порано било православно. Во турските дефтери од 1519 г. селото се спомнува со 44 православни семејства, а во 1583 г. се води со 40 православни семејства.
Во втората половина на XVIII век населението овде живееле Македонци муслимани, а потоа се населиле и Албанци-муслимани. Во турските документи се спомнува дека селото било дервенџиско (биче чувари на превојот).
На австроунгарска воена карта е означено како Буково (Bukovo).
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го звел Буково како село во Ресенската каза со 17 куќи на Македонци муслимани, чие машко население се состоело од 70 лица.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 г. во Буково (Boukovo) е село во Ресенската каза со 15 домаќинства во кои живеат 32 жители муслимани.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Буково, Ресенска нахија на Битолската Каза, жвееле 120 Македонци христијани.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Буково е претставеноа како чисто албанско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 91 куќа. Лев Огненов во 1902 г. го води Буково со 41 куќа сочинета од 199 жители.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Буково (Bukovo) имало 210 Албанци. Според Георги Трајчев во 1912 г. селото имало 25 куќи во кои живееле 163 Албанци.
Селото е засекогаш напуштено за време на Балканските војни кога неговото население се иселило во Охрид и Ресен. По отпишувањето на Буково, неговиот атар влегол во атарот на Свиништа.
Наводи
† † Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Свиништа