Ак Бунар или Акбунар (, Аспровриси; до 1926 г. Ακ Μπουνάρ, Ак Бунар) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Денес е населба на градот Даутбал. Порано било населено исклучиво со Македонци.

Географија Акбунар е северна населба на Даутбал, сместена во поножјето на планината Балџа. Тука се наоѓаат Првата и Втората гимназија на Даутбал.

Историја мини|десно|Археолошки наоди од Ак Бунар Во Отоманското Царство На крајот од XIX век Ак Бунар било мало македонско селце во Вардарската нахија на Солунската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ак Бунар (Ac Bounar) има 8 домаќинства сочинети од 35 жители Македонци. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ак Бунар живееле 70 Македонци христијани.

Населението било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ак Бунар (Ak Bounar) имало 80 Македонци, сите под патријаршијата. Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), пред Балканските војни Ак Бунар се состоел од 3 македонски куќи.

Во Грција Во текот на Втората балканска војна во 1913 г. селото настрадало од грчката војска, поради што во 1913 г. тоа се води како напуштено. Истата година селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Нешто подоцна селото е обновено кога во него се доведени грчки колонисти, така што во 1920 г. во него се попишани 40 лица. Потоа тука дошле уште грчки колонисти, за во 1928 г. да порасне на 61 жител. Во 1926 г. Ак Буунар (бел бунар на турски) е преименуван во Аспровриси, што е буквален превод.

Во 1940 г. селото не се води како одделно бидејќи е вбројано во жителите на Балџа, но на следните пописи тоа се брои за одделно. Некаде 1980-тите Ак Бунар припоен кон Даутбал како негов северен дел.

Население

Наводи

Категорија:Историски села во Даутбал