Васил Граматниковски (роден на 15 јануари 1934 г. во Љубојно) ― поранешен редовен професор на Институтот за географија при ПМФ.

Образование Основно образование завршил во Љубојно, а гимназија во Битола во 1956 година. Студирал на Институтот за географија при ПМФ од 1956-1960 година. Последипломски студии од областа на аграрната географија завршил на Филозофскиот факултет во Љубљана во 1968 година. Во 1974 година, докторирал на Географскиот институт на ПМФ во Скопје, на темата „Природно географските и социоекономските процеси во Преспанската Котлина како фактори што го условуваат идниот стопански развиток на котлината”.

Кариера Во 1962 година, тој бил избран за асистент на Географскиот институт на ПМФ во Скопје. Потоа, бил предавач по предмети од стопанската географија. Во 1975 година, бил избран со звањето доцент, додека во 1980 година станал вонреден професор. Во 1985 година, Граматниковски бил унапреден како редовен професор по предметот општа стопанска географија. Во контекст на стручно усовршување на стопанската географија претстојувал во Варшава, Минхен, Љубљана. Бил шеф на Географскиот институт.

Трудови и награди Има објавено 74 труда. Има добиено Орден на трудот со златен венец.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски Душан Манаковиќ

Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ

Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Луѓе од Љубојно Категорија:Родени во 1934 година Категорија:Македонски географи Категорија:Југословенски географи Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Југословенски професори