Станко Станковски (Самоков, 1936 – Скопје, 1989) ― македонски-југословенски географ, климатолог и хидролог.

Живот и дејност Основно училиште завршил во Самоков и Брод, а гимназија во Прилеп во 1957 година. Диференцијална матура завршил на Учителската школа во Скопје. Потоа работел како учител во селата Растеш и Зркле (Бродско). Во учебната 1960/61 година, тој се запишал на Институтот за географија при ПМФ во Скопје и во 1964 година, дипломирал и бил избран за асистент на Географскиот институт при ПМФ. Последипломски студии завршил во Белград во 1971 година. Во 1972 година, бил избран за предавач по предметот биогеографија со педологија, звање со коешто бил повторно избиран во 1980 и во 1985 година. Докторирал на темата „Пелагониска Котлина, физичко-географски проучувања со посебен осврт на хидролошките појави и проблеми” во 1987 година. Истата година бил избран за доцент по предметот климатологија. Има публикувано 15 научни и повеќе стручни и научно-популарни трудови. Бил ангажиран во повеќе научни теми и проекти што биле изготвувани на Географскиот факултет. Има богата и активна општествена дејност надвор од Институтот, а меѓу другото бил и продекан на Географскиот факултет. Добитник е на повеќе признанија. Починал во 1989 година во Скопје.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Димитар Јаранов Петар С. Јовановиќ Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски

Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски

Војислав Радовановиќ Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Луѓе од Самоков Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски географи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски географи Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Родени во 1936 година Категорија:Починати во 1989 година Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје