мини|262x262пкс|Енергетски пијалаци во продавница Енергетски пијалак — вид пијалак што содржи шеќер и стимуланс (најчесто кофеин). Нивниот нагласок е ставен на обезбедување умствена и физичка возбуда (рекламирана како „енергија“, но различна од енергетската вредност). Може или не може да биде газиран и може да содржи други засладувачи, таурин и аминокиселини. Тие се разликуваат од спортските пијалаци што се рекламираат како подобрување на спортското претставување.
Кафето, чајот и другите природни пијалаци со кофеин по принцип не се сметаат за енергетски пијалаци. Други безалкохолни пијалаци како кола можат да содржат кофеин, но исто така и тие не се сметаат за енергетски пијалаци. Според Европската управа за безбедност на храната, внесувањето до 400 мг кофеин дневно не претставува ризик за здравјето на возрасно лице. Ова е еднакво на околу 4 шолји кафе или 5 стандардни лименки енергетски пијалак.
Населенијата изложени на ризик од усложнувања од употребата на енергетски пијалаци вклучуваат млади луѓе, трезвеници (луѓе што не пијат алкохол или се чувствителни на кофеин), бремени жени, натпреварувачки спортисти и луѓе со срцево-садови болести.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Пијалаци Категорија:Безалкохолни пијалаци