Калојаново () — село во Јужна Бугарија, административен центар на општината Калојаново во Пловдивската Област. Има население од околу 2.547 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија Селото се наоѓа во централнио дел на Горнотракиската Низина, на 24 километри од регионалниот центар Пловдив и на 157 километри од главниот град Софија.
Историја Регионот на денешното Калојаново бил дел од најраната државна организација на Античка Тракија — Одриската држава, основано во 5 век п.н.е од Терес I (480-440). Еден од првите центри на Одриската држава бил концентриран во Горнотракиската Низина. Остатоците од овој градски центар, во кој била изградена и царската палата, денес се наоѓаат во околината на Калојаново. Градот создаден во времето на Терес I постоел речиси два века. Подоцна во областа околу Калојаново постоеле тракиската населба Бендипара и римскиот Севериус.
Во средниот век, првите информации за Калојаново доаѓаат од софискиот католички епископ Петар Богдан Бакшиќ од Чипровци, архиепископ софиски во периодот 1646 - 1674 година. За време на османлиското владеење селото се викало Селџиково (Селџиќој) по локалниот феудал Селџик. Калојаново било ослободено од османлиската власт на 4 јануари 1878 година од страна на коњаниците на генералот Павел Карцов.
Преименувањето на Селџиково во современо Калојаново се случило во 1934 година. Изборот на новото име е во чест на бугарскиот цар Калојан
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница на општина Калојаново
Категорија:Села во Бугарија Категорија:Населени места во областа Пловдив