Античкиот град Алеп () — историски градски центар на Алеп, Сирија. Пред Сириската граѓанска војна, многу области на античкиот град останале суштински непроменети бидејќи првично биле изградени помеѓу 11 и 16 век. Подложени на постојани инвазии и политичка нестабилност, жителите на градот биле принудени да градат економски независни квартови и области како ќелии, од кои повеќето биле исцртани по етничка и верска линија. Овие урбани подобласти, заедно со античкиот град со ѕидови што го опкружуваат, опфаќаат приближна површина од 350 хектари и се дом на повеќе од 120.000 жители.

Карактеризиран по големите дворци, тесните улички, покриените пазари (сукови) и древните каравансараи, Античкиот град Алеп станал дел од светското наследство на УНЕСКО во 1986 година

Се проценува дека 30% од Античкиот град Алеп бил уништен во Битката кај Алеп за време на сириската граѓанска војна, вклучувајќи многу делови од ел-Мадина Сук и други структури кои датираат од средновековно време.

Потекло и основање лево|мини| Модел на антички Алеп мини|Џамијата Кусрувија, хан ел-Суне и хотелот Чарлтон биле уништени за време на Битката кај Алеп Лежејќи на левиот брег на реката Квеик, античкиот град бил опкружен со круг од осум ридови што го опкружувале истакнатиот централен рид на кој замокот (првично храм кој датира од 2. милениум п.н.е.) бил подигнат во форма на акропола. Радиусот на кругот е околу 10 километри. Ридовите се Тел ас-Сауда, Тел Ајша, Тел ас-Сет, Тел ал-Јасмин (Ал-'акаба), Тел ел-Ансари (Јарукија), ат-Тал, ал-Џалум, Бахсита. Со приближна површина од 160 хектари, античкиот град бил затворен во историски ѕид од 5 километри во колото кое последен пат го обновиле Мамелукците. Оттогаш, ѕидот главно исчезнал. Имало девет порти (од нив 5 се добро сочувани) и бил опкружен со широк и длабок ров.

Поновите квартови Ал-Џдејде од стариот град првпат биле изградени од христијаните во почетокот на 15 век во северните предградија на античкиот град, по повлекувањето на Монголите од Алеп. Џдејде е еден од најдобрите примери на кварт како ќелија во Алеп. Како резултат на економскиот развој, многу други квартови биле основани надвор од ѕидините на античкиот град во текот на 15 и 16 век.

–средина на 23 век п.н.е., Кралство Арми средина на 23 век п.н.е. – средината на 22 век п.н.е., Акадско Царство 21 век п.н.е.–19 век п.н.е., Еблаитско Кралство –1595 п.н.е., Аморитско Кралство Јамхад 1595 п.н.е.–, Хетитско Кралство , Митани , Ново Кралство – почетокот на 12 век п.н.е., Хетитско Кралство 11 век п.н.е., Хетитска држава Палистин 10 век п.н.е., Хетитска држава Бит Агуси 9 век п.н.е.– крајот на 7 век п.н.е., Новоасирско Царство почетокот на 6 век п.н.е. – средината на 6 век п.н.е., Нововавилонско Царство –околу. 350 п.н.е., персиски Ахеменидско царство 333 п.н.е.–312 п.н.е., Македонско Царство 312 п.н.е.–88 п.н.е., Селевкидско Царство 88 п.н.е.–64 п.н.е., Ерменско Царство 64 п.н.е.–27 п.н.е., Римска Република 27 п.н.е.–395 н.е., Римско Царство 476–608, Византија 608–622, Сасанидско Царство 622–637, Византија (обновено) 637–661, Праведен Калифат 661–750, Омејадски Калифат

750–878, Абасидскиот калифат 878–905, Тулуниди 905–941, Абасидски Калифат (обновено) 941–944, Ихшидиди 944–1003, Хамданиди 1003–1038, Фатимидски Калифат 1038–1080, Мирдасиди 1080–1086, Укејлиди 1086–1118, Селџучко Царство 1118–1128, Артукиди 1128–1183, Зенгиди 1183–1260, Ајубиди 1260 март-октомври, Монголско Царство 1260–1400, Мамелучки Султанат 1400 Тимуриди 1400–1516, Мамелучки Султанат (обновено) 1516–1918, Отоманско Царство 1920 март-јули, Арапско Кралство Сирија 1920–1924, Држава Алеп под француски мандат 1924–1946, Француски мандат на Сирија 1946–1958, Сириска Република 1958–1961, Обединета Арапска Република 1961–денес, Сириска Арапска Република

Историска временска рамка Во текот на својата историја, Алеп бил дел од следните држави:

–средина на 23 век п.н.е., Кралство Арми средина на 23 век п.н.е. – средината на 22 век п.н.е., Акадско Царство 21 век п.н.е.–19 век п.н.е., Еблаитско Кралство –1595 п.н.е., Аморитско Кралство Јамхад 1595 п.н.е.–, Хетитско Кралство , Митани , Ново Кралство – почетокот на 12 век п.н.е., Хетитско Кралство 11 век п.н.е., Хетитска држава Палистин 10 век п.н.е., Хетитска држава Бит Агуси 9 век п.н.е.– крајот на 7 век п.н.е., Новоасирско Царство почетокот на 6 век п.н.е. – средината на 6 век п.н.е., Нововавилонско Царство –околу. 350 п.н.е., персиски Ахеменидско царство 333 п.н.е.–312 п.н.е., Македонско Царство 312 п.н.е.–88 п.н.е., Селевкидско Царство 88 п.н.е.–64 п.н.е., Ерменско Царство 64 п.н.е.–27 п.н.е., Римска Република 27 п.н.е.–395 н.е., Римско Царство 476–608, Византија 608–622, Сасанидско Царство 622–637, Византија (обновено) 637–661, Праведен Калифат 661–750, Омејадски Калифат

750–878, Абасидскиот калифат 878–905, Тулуниди 905–941, Абасидски Калифат (обновено) 941–944, Ихшидиди 944–1003, Хамданиди 1003–1038, Фатимидски Калифат 1038–1080, Мирдасиди 1080–1086, Укејлиди 1086–1118, Селџучко Царство 1118–1128, Артукиди 1128–1183, Зенгиди 1183–1260, Ајубиди 1260 март-октомври, Монголско Царство 1260–1400, Мамелучки Султанат 1400 Тимуриди 1400–1516, Мамелучки Султанат (обновено) 1516–1918, Отоманско Царство 1920 март-јули, Арапско Кралство Сирија 1920–1924, Држава Алеп под француски мандат 1924–1946, Француски мандат на Сирија 1946–1958, Сириска Република 1958–1961, Обединета Арапска Република 1961–денес, Сириска Арапска Република

Предисторија и предкласичен период лево|мини| Антички Алепо, влезот во ел-Мадина Сук мини|Храмот Хадад во Цитаделата во Алеп Алеп едвај го допреле археолозите, бидејќи современииот град го окупира неговото античко место.

Рано бронзено време Алеп во историските записи се појавува како важен град многу порано од Дамаск. Првиот запис за Алеп може да е од 3 милениум п.н.е. доколку идентификацијата на Алеп како Арми, град-држава тесно поврзана со Ебла е точна. Арми се поистоветува и со современиот Тел Бази. Џовани Петинато го опишува Арми како алтер его на Ебла. Нарам-Син од Акад (или неговиот дедо Саргон) ги уништил и Ебла и Арман во 23 век п.н.е.Pettinato, Giovanni (Johns Hopkins University Press, 1991) Ebla, a new look at history p.135Hawkins, John David (2000) Inscriptions of the iron age p.388

Средно бронзено време Во старовавилонскиот период, името на Алеп за прв пат се појавува како Халап (Халба).Hawkins, John David (2000) Inscriptions of the iron age p.388 Алеп бил главен град на важната Аморејска династија Јамхади. Кралството на Јамхадите (околу 1800-1600 п.н.е.), алтернативно познато како „земјата на Халаб“, било најмоќното на Блискиот Исток во тој период.Kuhrt, Amélie (1998) The ancient Near East p.100

Јамхад бил уништен од Хетитите за време на Мурсилис I во 16 век п.н.е. Сепак, Алеп набргу ја продолжил својата водечка улога во Сирија кога моќта на Хетитите во регионот се намалила поради внатрешните судири.Hawkins, John David (2000) Inscriptions of the iron age p.388

Доцно бронзено време Искористувајќи го вакумот на моќта во регионот, Паршататар, кралот на Хурското кралство Митани, го освоил Алеп во 15 век п.н.е. Последователно, Алеп се нашол на фронтот во судирот меѓу Митаните и Хетитите и Египет.Hawkins, John David (2000) Inscriptions of the iron age p.388

Хетитите на чело со Шупилулијума I трајно го поразиле Митани и го освоиле Алеп во 14 век п.н.е. Алеп имал култно значење за Хетитите бидејќи бил центар на обожавање на Богот-Бура.Hawkins, John David (2000) Inscriptions of the iron age p.388

Железно време Кога Хетитското кралство се распаднало во 12 век п.н.е., Алеп станал дел од сиро-хетитското кралство Палистин, потоа арамејското сиро-хетитско кралство Бит Агуси (кое имало главен град во Арпад), останал дел од тоа кралство додека не бил освоен од страна на Асирците. Во 9 век п.н.е., и станал дел од Новоасирското Царство до крајот на VII век п.н.е., а потоа било дел од Нововавилонското Царство и Ахменидското Царство.

Александар Македонски го освоил градот во 333 п.н.е. Селевк Победникот основал хеленска населба на местото помеѓу 301–286 п.н.е. Тој ја нарекол Бероја (Βέροια), по Бер во Македонија.

Северна Сирија била центар на гравитација на хеленистичката колонизирачка активност, а со тоа и на хеленистичката култура во Селевкидското Царство. Како и другите хеленизирани градови на Селевкидското Царство, Вероја веројатно уживала одредена локална автономија, со локално граѓанско собрание или составен од слободни граѓани.Phenix, Robert R. (2008) The sermons on Joseph of Balai of Qenneshrin

Верија останала под власта на Селевкидското Царство скоро 300 години додека последните територии од династијата не биле предадени на Помпеј во 64 п.н.е., во тоа време тие станале римска провинција. Присуството на Рим овозможило релативна стабилност во северна Сирија повеќе од три века. Иако покраината била управувана од легат од Рим, Рим не ја наметнал својата административна организација на владејачката класа што зборувала грчки.Phenix, Robert R. (2008) The sermons on Joseph of Balai of Qenneshrin

Вероја се споменува во Втора книга Макавејска. 13:3.

Средновековен период мини|Престолната сала на цитаделата била обновена во периодот на Мамлуците Сасанидскиот крал Хосро I го ограбил и запалил Алеп во 540 година. Подоцна, Сасанидските Персијци ја нападнале Сирија накратко во почетокот на VII век. Набргу откако Алеп паднал во рацете на Арапите под водство на Калид ибн ел-Валид во 637 н.е. Во 944 н.е., градот станал седиште на независен емират под хамданидскиот принц Сајф ел-Даула и уживал период на голем просперитет.

На 9 август 1138 н.е., смртоносен земјотрес го опустошил градот и околината. Иако проценките од ова време се многу неверодостојни, се верува дека загинале 230.000 луѓе, што го прави петтиот најсмртоносен земјотрес во историјата.

Откако Тамерлан го нападнал Алеп во 1400 година и го уништил, христијаните мигрирале надвор од градските ѕидини и основале своја населба во 1420 година, во северозападните предградија на градот, со што го основале квартот Џејде. Жителите главно биле посредници кои ја олеснувале трговијата меѓу странските трговци и локалните трговци. Многу други области биле изградени надвор од историските ѕидини во текот на 15 и 16 век.

Градот е спомнат од една од вештерките во Магбет на Вилијам Шекспир, напишана помеѓу 1603 н.е. и 1607 н.е.

Во стариот град се среќаваат различни видови градби од 13 и 14 век, како што се каравансараи, цезерии, курански училишта, амами и верски објекти. Во квартовите на областа Џејде се наоѓаат бројни куќи на алепинската буржоазија од 16 и 17 век, со гравури на камења.

Суки и анови мини|Бавабет ел-Јасмин во близина на пазарот за волна мини|Антички Алеп Стратешката трговска позиција на градот привлекла доселеници од сите раси и верувања кои сакале да ги искористат предностите на трговските патишта што се среќавале во Алеп од Кина и Месопотамија на исток, Европа на запад и Плодната полумесечина и Египет на југ. Најголемиот покриен пазар во светот е во Алеп, со приближна должина од 13 километри.

ел-Мадина Сук, како што е локално познат, е активен трговски центар за увезени луксузни стоки, како што се сурова свила од Иран, зачини и бои од Индија и кафе од Дамаск. ел-Мадина Сук е исто така дом на локални производи како што се волна, земјоделски производи и сапун. Поголемиот дел од овие пазари датираат од 14 век и се именувани по разни професии и занаети, па оттука и волнениот сук, бакарниот сук итн. Освен тргувањето, сукот ги сместувал трговците и нивната стока во ханови (каравансараи) и расфрлани во сукот. Другите видови на мали пазари биле наречени цезерии (قيساريات). Цезириите се помали од ановите по својата големина и функционирале како работилници за занаетчии. Повеќето од ановите ги добиле имињата според нивната локација во сукот и функцијата, а се карактеризираат со прекрасните фасади и влезови со зацврстени дрвени врати.