Масакр во Градево — масакр извршен врз македонското население на 13-14 јули, 1925 година, од страна на четници на ВМРО (Автономистичка), а по наредба на Иван Ванчо Михајлов.

Настан Во своите "Спомени" и низ разни други пишувања, Ванчо Михајлов се трудел да ја сокрие вистината за масакрите извршени низ Пиринска Македонија и Бугарија. Но, масовните гробници и многу други докази го покажуваат токму спротивното. Од таму се согледува дека Дабница не бил единствениот злостор и масакр, туку постојат и масовни гробници во Обесеник, Градево и други места.

Во јули 1925 година во Градево била спроведена истрага, после која на 8 јули некои комунисти биле осудени на смрт. Измачувани 30-тина луѓе, а од нив одвоени десетмина. А, според други извори убиени биле 11 луѓе.

Список на убиените: На 13 јули по лично потврдена казна од Ванчо Михајлов, во месноста Мадана бил стрелан Петар Маревски, додека на 14 јули во месноста Обесеник крај селото Градево биле стрелани:

Асен Пазов од Радомир, Борис Георгиев Туфекчиски од Марулево Јане Стојанов Маламов од Ораново Иван Трајков Христов од Градево Јордан Велев Цицков од Градево Стоица Атанасов Цицков од Градево Максим Јанев Миразчијски од Градево Благо Петков Мазнеов од Градево Петар Ангелов Мазнеов од Градево.

Со овие убиства и мачења михајловистите успевале да создадат страв и да ги потиснат прогресивните групи. На местото на егзекуцијата денес постои спомен-плоча.

Наводи

Категорија:Масакри врз Македонци Категорија:Масакри во Бугарија Категорија:Историја на Пиринска Македонија Категорија:Убиени по наредба на Ванчо Михајлов