Катедралата Света Марија заштитничката на градот Леон претставува храм во кој се врши католичка богослужба. Овој објект е епископско седиште на бискупијата Леон, во Шпанија и е посветен на заштитничката на градот Дева Марија. Овој храм претставува прв прогласен и заштитен споменик на целата територија на Шпанија. Прогласувањето било директно со кралскиот декрет од 28 август 1844 година (а потврдено од страна на Кралскиот ред на 24 септември 1845 година).

Изградбата на катедралата започнала некаде во текот на XIII век. Таа претставува големо дело во готски стил, со големо француско влијание. Објектот е познат по прекарот Pulchra leonina, што значи „Прекрасната Леонка“ (убавата жителка на градот Леон). Местоположбата на катедралата е на територијата наречена „Пат на Апостол Јаков“ (Camino de Santiago).

Катедралата во Леон била позната пред сè по фактот што со неа се извршило таканаречената „дематеријализација“ на тогашната готската уметност, односно намалувањето на површините покриени со ѕидови до минимален израз и поставување на обоени (полихромни) витражи. Овој објект поради таквите измени претставува еден од најголемите збирки на средновековно обоени стакло во светот (витражи).

Историја на катедралата

Претходни градби

Римските бањи Пред да се изгради старата катедрала наречена VII Легија на близнаците, на тоа место постоеле римски бањи. Бањите заземале поголема површина од сегашниот објект. При големата реставрација на објектот од храмот која била извршена во текот на 19 век, под катедралата биле откриени остатоците од бањата, а во 1996 година биле истражени и останатите површини во близина на јужната фасада. Сепак за време на тие истражувања биле пронајдени мал број на остатоци од страрите примитивни градби. Некои од овие остатоци како мозаици, тегули и керамика, денес се изложени во просторот на катедралниот музеј. Останатите елементи како што е хипокаустот, сè уште се наоѓа под површината на катедралата. мини|Поглед кон многуте витражи на катедралата мини|Поглед кон делото посветено на владетелот Ордоњо II. Дело изработено според средновековното културно наследство. Се наоѓа во катедралата во Леон

Старата (првата) катедрала За време на протерувањето на арапите на територијата на Шпанија од страна на христијаните и пристигнувањето во градот Леон, старите римски бањи биле претворени во кралска палата. Во 916 година кралот Ордоњо II, кој го заземал престолот на градот Леон, само неколку месеци претходно успеал да ги порази Арапите во Битката кај местото Свети Естебан де Гормаз. Во знак на благодарност за победата кон Бога, тој се откажал од својата палата за да може да се изгради првата катедрала. Под раководство на Фруминио II, кој раководел со епископијата целата палата била претворена во свето место. Храмот го чувале и управувале монаси од редот на светиот Бенедикт. Неговата структура била многу слична на структурата на многу други постоечки храмови кој биле изградени за време на периодот на Леонскиот Мозараби. Следејќи ја христијанската традиција за погребување на големите владетели во просториите на храмовите и со тоа постигнување на ефектот „доближување до Бога“, оваа едноставна катедрала набрзо била збогатена со посмртните останки на кралот Ордоњо II, кој починал во месноста Самора во 924 година.

Историските хрониките зборуваат за поминувањето на освојувачот Алманзор низ териториите на овие земји кон крајот на X век, притоа опустошувајќи го градот Леон и уништувајќи ги неговите катедрални храмови. Веднаш по разрушувањето донесена е одлука за брзо санирање на штетата и возобновување на храмот на катедралата, бидејќи веќе во 999 година во оваа катедрала требало да се круниса кралот Алфонсо V. По низа политички бунтови и сурови воени операции, околу 1067 година состојбата на катедралата била во исклучително лоша состојба. Кралот Фердинанд I од Леон, кој откако ги пренел посмртните останки на Свети Исидор од Севиља во Леон, „се посветил“ на реконструкција и санирање на објектот. За време на владеењето на Фердинанд I настапил мирен период, во кој се остварувале големи успеси и проширувањето на христијанското царство. Тоа било период на процвет на романската уметност.

Романска катедрала Со помош на инфанта Урака де Самора, инаку првородената ќерка на кралот, започнала изградбата на новата и втора катедрала, во согласност со плановите на градот. Оваа катедрала започнала да се гради во романски стил. Во тој период Пелајо II ја владеел епископската столица. Кога архитектот Деметрио де лос Риос, некаде помеѓу 1884 и 1888 година, го истражил подрумот на катедралата, со ископување успеал да го замени тротоарот и да ги зацврсти столбовите. Истиот архитект успеал да ги пронајде деловите од ѕидовите на претходната катедрала. Преку планот што го нацртал архитектот, може да се види како сè било конфигурирано и конципирано во готски стил. Во овој стил сè било изградено од тула и ѕидарски зафати. Катедралата била создадена од три кораби кои завршуваат со полукружни апсиди. Централниот кораб бил посветен на Света Марија, исто како што било и во претходната црква. На северната страна бил изграден и манастир. Оваа нова црква била со прилично големи димензии за тој период, околу 60 метри во должина и 40 метри во ширина. Иако сите активности се изведени во рамките на меѓународните правила на романскиот стил, сепак направени се извесни измени од претходно зацртаните. Сводот од тогашната катедрала која била во форма на потковица сè уште е во употреба, и тоа како украсна форма. Оваа катедрала била осветена на 10 ноември 1073 година за време на владеењето на кралот Алфонсо VI. Се претпоставува дека таму работеле истите каменорезци кои ја граделе базиликата Свети Исидоро во Леон.

Оваа катедрала останала во функција сè до крајот на наредниот век, кога последниот ексклузивен крал на провинцијата Леон, Алфонсо IX (роден 1188, а живеел до 1230 година) стапил на престолот. Во тој период во градот и во кралството била забележана важна општествена промена, со уметничка креативност и соодветен културен развој.

Изградба на готската катедрала мини|Поглед кон внатрешноста на катедралата во Леон Изградбата на третата катедрала започнала околу 1205 година, но градежните проблеми кои се појавиле со елементите околу темелите значеле дека градежните активности наскоро биле стопирани. Работните активности продолжиле дури во 1255 година, под раководство на понтификатот и епископот Мартин Фернандес и со директна поддршка на шпанскиот крал Алфонсо X од Кастиља. Оваа нова катедрала била замислена целосно да биде во готски стил.

Архитектот на катедралата бил извесен Енрике, најверојатно роден во Франција, кој претходно работел и на катедралата во Бургос. Очигледно било дека тој добро ја познавал готската архитектонска форма со потекло од Франција. Овој архитект починал во 1277 година, а работата била продолжена од страна на шпанецот Хуан Перес. Во 1289 година починал и епископот Мартин Фернандес. За време на смртта на поглаварот храмот веќе бил отворен за богослужба. Основната структура на катедралата била завршена во 1302 година. Епископот Гонсало Осорио ја отворил целата црква за верниците кон крајот на векот. Во текот на XIV век, биле завршени манастирот и северната кула, додека јужната кула била завршена дури во втората половина на XV век. Оваа ажурност (брзина) во завршувањето на работните активности му дава големо единство на храмот во поглед на архитектонскиот стил. мини мини|Поглед кон предната фасада на катедралата во Леон Изградбата на катедралата во Леон претставува директна инспирирација од планот на катедралата во Ремс (иако оваа е со помали димензии). Главниот архитект Енрике имал точни сознанија за тоа како изгледа посочената француска катедрала. Како и повеќето француски катедрали, и катедралата во Леон била изградена по геометриски модул заснован на триаголникот (ad triangulum). Триаголните елементи се поврзани со заеднички квадратен корен, на кој се потпираат сите негови делови како целината. Претходната поставеност, потоа планот, височината, украсните елементи и симболичните делови ја претвораат оваа катедрала во автентична транспиринејска градба, оддалечена од шпанскиот тип на градби. Сите овие податоци и ја донеле на катедралата придавката на „најфранцуска од сите шпански катедрали“, или пак името со налик на Пулхра Леонина (убавата Леонка). Ако нејзините плански карактеристики се поврзат со готски елементи, тогаш нејзините височини се тесно поврзани со височината на базиликата „Св. Дионисиј“ во Париз. Тоа се познати елементи на радијантната готика која е забележана во Франција во периодот по 1230 година. Овој храм може да се смета за уникатен случај на објект кој целосно е замислен и изграден во рамките на радијантната готика од XIII век, и тоа изграден надвор од територијата на Франција. Географски катедралата воопшто не била далечна на тој свет. Иако била изградена во старата престолнина на Леонските кралеви, градот Леон бил еден од најважните раскрсници на Камино де Сантјаго - французинот, наречен така затоа што имал директно потекло од територијата на Франција. Архитектонската композиција на портите од западната фасада на храмот се чини дека е инспирирана од портите на трансептите на катедралата во Шартр. Останува зачудувачката позиција за локацијата на кулите кои биле одвоени од централниот кораб. Претходната замисла за поставеноста на кулите била да биде иста како и кај предните фасади на англиските готски катедрали. Сепак одлучено е решението да биде идентично како и кај трансептите на катедралата „Св. Дионисиј“ во Париз или пак како кај повеќето локални катедрали. Ваков изглед од предната страна на оваа катедрала имало кај западната фасада на катедралата Сантјаго во Компостела пред да се извршат важните барокни измени.

Исто така, кај оваа катедрала француско влијание имало и при создавањето на делот на презвитериумот. Имено првичната идеја била хорот да се постави во тој простор според стариот француски обичај. Поединечна градба претставува објектот на манастирот кој не е во континуитетот со петте кораби на телото од храмот. Содејството помеѓу објектот на манастирот и објектот на храмот е сведено само на три кораби.

Како најважна карактеристика на катедрала во Леон била тоа што го достигнала максималниот светлински ефект во споредба со сите шпански катедрали. Овој ефект е постигнат со огромен простор зафатен од витражи, намалувајќи ја потпорната камена структура на најмало можно ниво. Со оваа специфика катедралата во Леон технички ги надминува сите француски катедрали од овој вид. мини|Поглед кон јужната страна на катедралата. При изградбата на катедралата се појавил голем проблем затоа што голем дел од локацијата се наоѓал на римски остатоци, односно, хипокаусти од II век, што го отежнувало правилното поставување на темелите од столбовите. Акумулираната подземна вода, големата количина на влага, како и одведувањето на водата предизвикале сериозни непријатности кај изведувачите. Од друга страна пак, повеќето таканаречени пепелници на катедралата биле изработени од камен со просечен квалитет со варовнички тип, кој е со мала отпорност на атмосферски влијанија. Суптилноста на стилот дополнително прави предизвици врз материјалот. Бројните потпори биле доста кревки, протегачките правци биле сведени на голема несигурност, така што неколку архитекти од тоа време го поставувале прашањето дали таков проект може да опстане во исправена состојба. Оваа речиси неверојатна градба, заедно со слабиот квалитет на каменот и лошо поставената основа, доведувале често до постојани интервенции и реставрации, претворајќи го храмот во европска парадигма на трансформацијата, реставрацијата и конзерваторските интервенции.

Легендата за кртот мини|Поглед кон северниот дел од внатрешноста на катедралата