Колин Хувер (родена како Маргарет Колин Фенел; 11 декември 1979 година) е американскa авторкa којa првенствено пишува најмногу за романи во жанровите романса и фикција за млади и возрасни. Таа е најпозната по нејзиниот романтичен роман од 2016 година „Ова завршува со нас“ . Многу од нејзините дела беа самообјавени пред да бидат земени од издавачка куќа. Од октомври 2022 година, Хувер продаде околу 20 милиони книги. Таа беше прогласена за една од 100-те највлијателни луѓе во светот од страна на магазинот Тајм во 2023 година.
Раниот и личен живот Хувер е родена на 11 декември, 1979, во Тексас. Дипломирала во средното училиште Салтило во 1998 година. Се омажила за Хит Хувер во 2000, и имаат три сина. Хувер дипломирала воTexas со диплома за социјална работа. Работела разни социјални работи и наставнички работи пред да ја започне својата кариера како автор.
Кариера Во ноември 2011 година, Хувер почнала да го пишува својот деби роман „Слемд“, без намера да биде објавен. Таа била инспирирана од текстот, „одлучи што да биде и оди направи го тоа“, од песната на браќата Авет, „Глава полна со сомневање/Пат полн со ветување“, и таа ги инкорпорирала стиховите на браќата Авет низ приказната. Хувер сама го објавила романот во јануари 2012 година. Таа наведува дека го објавила романот за да може да го прочита нејзината мајка. Продолжението, Точка на враќање, било објавено во февруари 2012 година. По неколку месеци, Слемед бил прегледан и добил пет ѕвезди од блогерката за книги Мериз Блек, и потоа, продажбата брзо се зголемила за првите две книги на Хувер. Третата книга од серијата, Оваа девојка, била објавена во април 2013 година. По успехот на романите, Хувер ја напуштила својата работа во социјална работа за да стане писателка со полно работно време.
Романот на Хувер „Ова завршува со нас“ бил објавен во 2016 година. Хувер ја опишала како „најтешката книга што некогаш сум ја напишала“. Романот се однесува на семејното насилство и, според Хувер, тој бил напишан со намера да се залага за жртвите на семејно насилство. Приказната била инспирирана од личното искуство на Хувер како дете кое растело во домаќинство со семејно насилство, кое продолжило и во нејзиниот возрасен живот. Во јануари 2022 година, „Ова завршува со нас“ била број 1 на листата на најпродавани книги на Њујорк Тајмс. Снимањето на филмската адаптација започнало во мај 2023 година.
Продолжението, насловено ПЗапочнува со нас, било објавено на 18 октомври 2022 година.
Во октомври 2022 година, Симон и Шустер купиле два самостојни романи од Хувер, кои треба да бидат објавени во 2024 и 2026 година.
Од октомври 2022 година, Хувер продала повеќе од 20 милиони книги.
Награди и достигнувања година Награда Работа Категорија Резултат Уп 2012 година Goodreads Choice Awards Треснат Фикција за млади возрасни Номиниран 2013 година Goodreads Choice Awards Губење на надежта Романса Номиниран 2013 година Goodreads Choice Awards Оваа девојка Романса Номиниран 2014 година UtopYA Con награди Можеби еден ден Најиновативен маркетинг Победи 2015 година Goodreads Choice Awards Признај Романса Победи 2016 година Goodreads Choice Awards Ова завршува со нас Романса Победи
Најпродавани книги на Њујорк Тајмс Во 2022 година, Хувер имала шест од првите десет места на листата на најпродавани бестселери на Њујорк Тајмс .
Треснат (#8) Точка на повлекување (#18) Оваа девојка (#9) Безнадежна (#1) Губење на надежта (#6) Можеби некогаш (# 3) Грда љубов (#4) Признај (#4) 9 ноември (#9) Ова завршува со нас (#1) Вистина (#2)
Наводи
Надворешни врски
Официјален профил на Wattpad на Колин Хувер
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Американски писатели