Црвена сала () ― спортско здание во Велење, Словенија. Тоа е домашна терен на РК Горење Велење. Салата може да прими 2.500 гледачи.

Историја Изградбата на салата започнала на 24 август 1974 и била завршена во 1975. Црвената сала го имала своето неслужбено отворање на 11 октомври 1975. Отпрвин, била изградена да биде домаќин на различни видови саеми, а не за спортски настани.

По одредени измени на градбата, Владата на Словенија го основала јавното претпријатие Спортско рекреативен завод „Црвена сала“ () на 25 мај 1992. Местото било обновувано неколку пати во својата историја, последен пат во 2004 година.

Употреба Црвената сала е домашен терен на РК Горење Велење и ЖРК Велење. Тоа било исто така едно од четирите места користени за Европското првенство во ракомет за мажи во 2004.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ракометни зданија во Словенија Категорија:Спортски сали во Словенија Категорија:Спортски зданија завршени во 1975 година Категорија:Појавено во 1975 година во Словенија Категорија:Архитектурата во 20 век во Словенија Категорија:Словенечкојугословенска архитектура Категорија:Никулци за згради и градби во Словенија Категорија:Никулци за европски спортски зданија Категорија:Никулци за словенечки спорт Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците