Абортусот во Словенија ― чин легализиран во неговиот сегашен облик (во Словенија и другите поранешни југословенски републики) на 7 октомври 1977 година.Abortion Policy - Slovenia
Абортусот е достапен за жени чија бременост не ја надминала десеттата недела. Малолетниците им е потребна родителска согласност пред да се подложат на абортус, освен ако малолетникот е веќе еманципиран и заработува за својот живот. Откако Словенија ја стекнала својата независност од Југославија, во 1992 година била направена измена на Законот за абортус со кој им се дозволува на лекарите да не изведуваат абортуси доколку не се согласуваат со оваа практика од религиозни причини.
Абортусот е исто така вклучен во член 55 од Уставот на Словенија.
Членот 55 од Уставот на Словенија гласи:
„(Слобода на избор при раѓање деца)“
(Секој може слободно да одлучи дали ќе раѓа деца. Државата ќе ги гарантира можностите за остварување на ова право и ќе создаде услови што ќе им овозможат на родителите да одлучат да раѓаат деца.)
Во 2009 година, 18% од бременостите во Словенија завршиле со абортус, што е намалување од врвот од 41,6% во 1982 година.Historical abortion statistics, Slovenia Од 2009 година, стапката на абортуси била 11,5 абортуси на 1000 жени на возраст од 15-44 години.
Мифепристонот (медицински абортус) бил регистриран во 2013 година.
Наводи
Категорија:Појавено во 1977 во Словенија Категорија:Абортусот по земја Категорија:Законодавство на Словенија Категорија:Никулци за абортус Категорија:Никулци за Словенија