Долорес Атанасова – македонска поетеса

Животопис Долорес Атанасова – Лори (ипк Д. А. Лори) е родена во 1974 во Германија. Раното детство го поминува во Германија, за потоа да се пресели со семејството во Охрид, каде го завршува основното и средното образование. Од 1993 година живее во Скопје, каде на УКИМ завршува студии по англиски јазик и книжевност. Работи како професорка по англиски јазик и пишува поезија. Нејзината поезија досега е преведена на германски, англиски, српски и на шпански јазик.

Творештво Лори е авторка на следниве поетски збирки:Снежана Стојчевска, „Кон поетската книга „Сега ти стануваш јас“ од Д. А. Лори“, Современост, број 3, 2023, стр. 107. „Будење во трето лице еднина“ (Блесок, 2014) „Со ветрот под рака“ (Антолог, 2016) „Небо во кафез” (2019) „Ќе фатит бран” (Галикул, 2020) „Сега ти стануваш јас“ (Чудна шума, 2023)

Нејзини песни се објавувани и во поетската збирка „100.000 поети за промена” и е-книгата „Поетискон”, како и на страната на „Словокулт“, онлајн магазин за уметност и литература, и „Фиxпоетрy“, германска платформа за литература на интернет. Поезијата на Атанасова се појавува и во монографијата на Астални проекции, како и во македонското списание за литература, култура и уметност, „Современост”

Награди Атанасова е добитничка на следниве награди: Награда „Тодор Чаловски“ за 2019-2020 година, за поетската збирка „Небо во кафез” Награда „Антево Слово”, интернационална награда која за првпат беше доделена во 2017 во склоп на италијанската поетска манифестација „Ангело ла Векија“

Претставувања и промоции Промоција на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова – Лори Промоција на книгата поезија „Ќе фатит бран”од Долорес Атанасова-Лори Промоција на збирка поезија „Небо во кафез“ од Д.А. Лори во МКЦ Утринско кафе со Долорес Атанасова Лори ака Д. А. Лори: Сè што правиме го менува светот

Наводи

Категорија:Родени во 1974 година Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонци од Германија Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје