Тетевен () — град во северна Бугарија, административен центар на општината Тетевен во Ловечката Oбласт. Има население од околу 9.024 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Тетевен се наоѓа во планинско подрачје, во долината на реката Вит, помеѓу два дела на Стара Планина - Златичко-Тетевенска и Васиљoвска планина. Опкружен е со врвовите Петрахилја, Трескавец, Острец и Червен. Градот се наоѓа на 70 км од регионалниот центар Ловеч, 60 км од Тројан, 111 км од главниот град Софија.

Историја Градот првпат се споменува во писмен документ во 1421 година. Се смета дека името на градот потекнува од семејството на извесен Тетјов род, кој се населил во областа и го основал градот. Постари варијанти на името на градот пронајдени во документите се Тетјувен и Тетјовене.

Бил просперитетен град во 16 и 17 век, но во 1801 година бил нападнат од организирани османлиски разбојнички групи, изгорен и речиси целосно уништен, а само четири куќи преживеале од вкупно 3.000. Градот подоцна оживеал и бил активен во вооружената борба за бугарска независност во 19 век, засолнувајќи го револуционерниот комитет дел од организираната бунтовничка мрежа на Васил Левски.

Економија Главните економски сектори што ја одредуваат егзистенцијата на Тетевен се туризмот, сточарството, сечата и преработката на дрво.

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на општината Тетевен

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Ловеч