Симеон Јанков – македонски писател и преведувач

Животопис Симеон Јанков е роден на 21 август 1981 година, во Скопје. Завршил средно во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје. Дипломирал на смерот Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Во средношколските и студентските денови, тој се занимавал со бокс, а многу години подоцна, веќе не толку редовно и пред сѐ, од чисто задоволство, и со уште два други боречки спорта. Во минатото, тој аматерски се занимавал со проучување на словенската митологија, а во раните 2020-ти, ги проучувал врските меѓу македонскиот јазик и словенските, воопшто, од една страна, и останатите индоевропски јазици, од друга, фасциниран од нивната блискост, која најчесто не е воочлива на прв поглед, притоа служејќи се со книжевноста на некои од најголемите и најреномираните научници на тоа поле, како Макс Фасмер, Рик Дрексен, Олег Трубачов и други.

Живее во Скопје. Романот е засега единствениот книжевен жанр во кој се пронаоѓа. Покрај тоа што пишува, тој преведува од англиски, руски, српски и хрватски јазик.

Творештво

„Црна шума“, роман („Ми-Ан“, Скопје, 2019) „Најосаменото место“, роман (Или-Или, Скопје, 2021)

Наводи

Надворешни врски Промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков Разговор со Симеон Јанков, македонски автор кој има што да им понуди на читателите

Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски романописци Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје