мини|291x291пкс|Рудари Рудар — лице што копа руда, јаглен, креда, глина или други минерали од земјата преку рударството. Постојат две значења во кои се користи изразот. Во својата најтесна смисла, рудар е некој што работи на карпи; сечење, минирање или со други зборови отстранување на карпите. Во поширока смисла, „рудар“ е секој што работи во рудник, а не само работник на карпи. Рударството е една од најопасните занаети во светот. Во некои земји, рударите немаат општествено осигурување и во случај на повреда можат да бидат оставени самите на себе.
Современи рудари Рударските инженери ги користат начелата на математиката и науката за да развијат филозофски решенија за технички проблеми за рударите.
Во повеќето случаи, потребно е да се има диплома за додипломски студии по инженерство, рударско инженерство или геолошко инженерство. Бидејќи технологијата постојано се менува, рударите и рударските инженери треба да го продолжат своето образование.
Основите на рударското инженерство вклучуваат пронаоѓање, вадење и подготовка на минерали, метали и јаглен. Овие ископани производи се користат за производство на електрична енергија и во преработувачките индустрии. Рударските инженери исто така ја надгледуваат изградбата на подземните рударски операции и создаваат начини за превезување на извадените минерали до погоните за преработка.
Наводи
Надворешни врски
Денот на рударите во Македонија
Категорија:Рударство Категорија:Рудари Категорија:Занимања __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__