Холангиокарцином е тип на рак кој се јавува на жолчните канали. Симптомите на холангиокарцином вклучуваат абдоминална болка, жолтица, губиток на телесна тежина, чешање, и треска. Може да се јават и светло обоена столица или темно обоена урина.

Ризик-фактори за појава на холангиокарцином се примарен склерозирачки холангитис (инфламаторна болест на жолчните канали), улцеративен колитис, цироза, хепатит C, хепатит B, некои типови на метили, и некои конгенитални хепатални малформации. Сепак, повеќето луѓе немаат препознатливи фактори на ризик. Сомнеж за дијагнозата се јавува врз основа на крвни тестови, медицински снимки, ендоскопија. Дијагнозата се потврдува со биопсија, односно со испитување на клетки од туморот под микроскоп. Типично е аденокарцином (рак кој формира жлезди или секретира муцин).

Холангиокарциномот е типично неизлечлив при поставување на дијагнозата и затоа раната детекција е идеална. Во овие случаи палијативниот третман може да вклучува хируршка ресекција, хемотерапија, радијациона терапија, и стентирање. Во околу една третина од случаите кои го зафаќаат заедничкиот жолчен канал туморот може целосно да се отстрани со операција што нуди шанса за излекување. Дури и кога хируршкото отстранување е успешно, се препорачуваат хемотерапија и радијациона терапи. Во одредени случаи третманот може да вклучи трансплантација на црн дроб. Дури и кога операцијата е успешна 5-годишното преживување е типично помалку од 50%.

Холангиокарциномт е редок во западниот свет, со проценка дека се јавуваат 0.5–2 случаи на 100,000 луѓе на годишно ниво. Стапките се повисоки во Југоисточна Азија каде се чести метилите на црниот дроб. Стапките во некои делови на Тајланд се 60 случаи на 100,000 жители на годишно ниво. Вообичаено случаите се јавуваат кај луѓе во нивните 70-ти години; сепак, кај оние со примарен склерозирачки холангитис може да се јават и во 40-те години. Стапките на холангиокарцином во западниот свет исто така се зголемуваат.

Наводи

Категорија:Рак