Мелиса Вивиен Џеферсон (; родена на 27 април 1988 година), широко позната како Лизо (англ. Lizzo) ― американска раперка и пејачка. Родена е во Детроит, а на десетгодишна возраст со семејството се преселила во Хјустон. Подоцна се преселила во Минеаполис, каде што ја започнала својата кариера во хип хоп музиката. Пред да потпише со Nice Life Recording Company и Atlantic Records, Лизо објавила два студиски албуми, Lizzobangers (2013) и Big Grrrl Small World (2015). Нејзиното прво ЕП со голема издавачка куќа, Coconut Oil, било објавено во 2016 година.

Лизо се стекнала со поголема популарност по објавувањето на нејзиниот трет студиски албум, Cuz I Love You (2019), кој се искачил на четвртото место на американскиот Билборд 200. Лизо била номинирана во осум категории на 62-те годишни награди Греми, најмногу номинации за таа година, вклучувајќи ги и номинациите во сите категории од „Големата четворка“, и ги освоила наградите за најдобар урбан современ албум, најдобра поп соло изведба за „Truth Hurts“, и Најдобра традиционална R&B изведба за песната "Jerome".

Во 2021 година, Лизо го издала синглот „Rumors“ (со Карди Б ), кој дебитирал во топ-5 на Billboard Hot 100. На нејзиниот четврти студиски албум, Special (2022), му претходел неговиот водечки сингл „About Damn Time“, кој стигнал до прво место на Billboard Hot 100; со овој албум Лизо станала првата црна пејачка по Витни Хјустон (1994 година) која ја освоила наградата Греми за Запис на годината.

Во 2019 година, Тајм ја прогласил Лизо за „забавувач на годината“ за нејзиниот огромен подем и придонес во музиката. Покрај нејзините четири Греми награди, таа има освоено и музичка награда Билборд, награда BET и две музички награди Soul Train.

Живот и музичка кариера Мелиса Вивиен Џеферсон е родена на 27 април 1988 година во Детроит, Мичиген. На десет годишна возраст со семејството се преселила во Хјустон, Тексас. Во следните осум години, до дипломирањето во средното училиште Алиеф Елсик во 2006 година учела да свири класична флејта кај Клаудија Момен, а во меѓувреме почнала да рапува. На 14-годишна возраст, со нејзините пријатели основала музичка група наречена Cornrow Clique. Тогаш го добила прекарот „Лизо“, варијанта од „Лиза“, инспирирана од песната „Izzo (H.O.V.A.)“ од Џеј Зи. На Универзитетот во Хјустон, студирала класична музика. На 21-годишна возраст, по смртта на нејзиниот татко, додека се обидувала да се пробие во музичката индустрија една година живеела во својот автомобил. Во 2009 и 2010 година, била главен вокал и свирела флејта во џез/прог-рок квинтетот Ellypseas. Во 2011 година, го напуштила колеџот и се преселила во Минеаполис.

Почетоци на кариерата (2011 ― 2013) мини|Лизо во Triple Rock Social Club во 2013 година Додека живеела во Минеаполис, Лизо била член на електро соул-поп дуото Lizzo & the Larva Ink. Потоа помогнала во основањето на тричлена, целосно женска рап/Р&Б група, Chalice. Во 2012 година, Chalice го издале нивниот прв албум, We Are the Chalice, кој бил успешен на локално ниво. Во 2013 година, Лизо ја формирала хип-хоп групата Grrrl Prty, која објавила две EP пред да се распушти во 2016 година.

Првиот албум на Лизо, Lizzobangers, бил издаден на 15 октомври 2013 година. Албумот бил успешен на регионално и национално ниво. Есента 2013 година, Лизо била на турнеја низ САД и Обединетото Кралство, каде со нејзината група била предгрупа на Хар Мар Суперстар. Во ноември 2013 година, списанието Тајм ја именувал меѓу 14-те музичари на кои треба да се внимава во 2014 година. Во декември 2013 година, нејзиниот албум бил реиздаден од Virgin Records.

2014 ― 2015: Big Grrrl Small World По објавувањето на нејзиниот прв албум, Лизо веднаш започнала да работи на нова музика.

Во септември 2014 година, Лизо, заедно со другите членови од групата Chalice, Софија Арис и Клер де Лун, се појавила на песната „BoyTrouble“ на албумот Plectrumelectrum од Принс и 3rdeyegirl. На 7 октомври 2014 година, Лизо гостувала во Доцното шоу со Дејвид Летерман.

Вториот студиски албум на Лизо, Big Grrrl Small World, бил издаден на 11 декември 2015 година.

2016 ― 2018: Coconut Oil лево|мини|234x234пкс| Лизо како предгрупа на Florence and the Machine во 2018 година Во 2016 година, откако претходно истата година потпишала со Атлантик Рекордс, Лизо на 7 октомври 2016 година го издала своето прво ЕР со п=голема издавачка куќа, Coconut Oil. Лизо самата ги напишала сите песни од албумот, а Рики Рид, Кристијан Рич, Дабел Дач и Џеси Шаткин биле задолжени за продукцијата на албумот. Coconut Oil добил позитивни критики од музичките критичари. За да го промовира ЕР-то, Лизо во 2017 година ја започнала турнејата Good as Hell. На почетокот од 2018 година, Лизо била на турнеја со Haim и со Florence and the Machine.

Лизо уште од најрана возраст се соочувала со проблеми со телесната тежина, и затоа откако привлекла поголемо мејнстрим внимание станала поборник за телесна позитивност и самољубие, а притоа нејзината музика била насочена кон прифаќање на различноста, во смисла на големината на телото, сексуалноста, расата, и други основи на дискриминација. Нејзината пратечка група танчери, Big Grrrls, се состоела само од танчери голем конфекциски број.

2019 ― 2020: Пробив во кариерата мини|Лизо на настап во Академијата Брикстон во ноември 2019 година Во 2019 година, Лизо го позајмила гласот во анимираниот филм UglyDolls, а имала и споредна улога во филмот Hustlers.

На 4 јануари 2019 година, Атлантик рекордс го објавил „Juice“, водечки сингл од нејзиниот трет студиски албум. Албумот, Cuz I Love You, бил објавен на 19 април 2019 година. Употребата на нејзините песни во трејлер за Нетфликс, и други реклами, појавувањето на фестивалот Коачела и неколку телевизиски настапи ја зголемиле нејзината популарност.

Нејзиниот трет студиски албум добил одлични критики и стигнал до прво место на топ-листата на iTunes. „Truth Hurts“ станала прва песна од Лизо која се искачила на прво место на Billboard Hot 100. Лизо станала трета раперка на врвот на Hot 100 без да пее со истакнат изведувач. Таа, исто така, станала прва црна соло R&B пејачка која стигнала до прво место на Hot-100 по хитот на Ријана „Diamonds“ од 2012 година. Една недела подоцна, на 9 септември 2019 година, Cuz I Love You добила златен сертификат од RIAA за продадени над 500.000 еквивалентни единици. „Truth Hurts“ седум недели била на врвот на Hot 100, со што Лизо го изедначила рекордот за најмногу недели поминати на прво место за рап песна од женски изведувач. Музичкото видео за песната, во кое Лизо се „мажи за себе“, имало преку 220 милиони прегледи на YouTube.

На 23 јули 2019 година, на MTV Video музичките награди Лизо била номинирана за изведувач со најголем напредок во годината и занајдобар нов изведувач. Речиси истовремено, нејзиниот сингл од 2016 година „Good as Hell“ се искачил на врвот на топ-листите ширум светот, достигнувајќи топ-3 на Billboard Hot 100 и топ-10 на топ листата за синглови во Обединетото Кралство.

Таа ги отвори 62-те годишни награди Греми со мешање на „ Cuz I Love You “ и „Truth Hurts“ и освои три награди на церемонијата. Во 2020 година, била номинирана во 11 категории на Билбордовите музички награди, а ја освоила наградата за најпродаван изведувач на песни. На BET наградите во 2020 година, таа станла прв изведувач кој во иста година бил номиниран во категориите на најдобар R&B/поп и хип-хоп изведувач. Во август 2020 година, Лизо потпишала продукциски договор со Amazon Studios. Нејзин прв проект бил нескрипираната серија на реални натпревари насловена како Lizzo's Watch Out for the Big Grrrls. Емисијата била премиерно прикажана на 24 март 2022 година.

2021 ― денес: Special лево|мини|257x257пкс|Лизо во 2022 на фестивалот South by Southwest На 2 август 2021 година, Лизо го објавила почетокот на „новата ера“ со песната „Rumors“, која била објавена на 13 август. Во интервју за Variety, Лизо рекла дека нејзиниот следен албум ќе биде „љубовен албум“ и „еден од музички најлошите, најхрабрите и најсофистицираните дела што сум ги направила до сега“.Setoodeh, Ramin (February 23, 2022). На 14 април 2022 година, Лизо го објавила дека синглот „About Damn Time“.

На 15 јули 2022 година, Лизо го издала својот четврти студиски албум Special, кој по објавувањето добил пофалби од музичките критичари. По објавувањето на Special, „About Damn Time“ се искачила на прво место на Billboard Hot 100, и две недели се задржала на таа позиција. Во февруари 2023 година, на 65-тото годишно доделување на Греми награди, песната „About Damn Time“ победила во категоријата „Запис на годината“; ова била прва награда за Лизо во главните категории.

Филмот Барби од 2023 година содржи оригинална песна од Лизо под наслов „Pink“. Песната била објавена на Barbie: The Album на 21 јули истата година, а втората верзија користена во филмот насловена како „Pink (Bad Day)“ била објавена на 29 јули.

Дискографија

Lizzobangers (2013) Big Grrrl Small World (2015) Cuz I Love You (2019) Special (2022)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски соул пејачи Категорија:Американски хип-хоп пејачи Категорија:Афроамерикански глумици Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Флејтисти Категорија:Американски раперки од 21 век Категорија:Добитници на MTV Video музички награди Категорија:Американски феминистки Категорија:Американски фанк пејачки Категорија:Американски филмски глумици Категорија:Американски флејтисти Категорија:Американски раперки Категорија:Афроамерикански раперки