Масакр во Кремен — злосторство извршено од страна на четниците на Ванчо Михајлов, односно припадници на ВМРО (Автономистичка) врз македонското население во Пиринска Македонија.

Настан По повод убиството на царскиот агент Тодор Александров, четниците на Ванчо Михајлов, по наредба на бугарските царски власти почнале невиден терор врз населението во Бугарија и Пиринскиот дел на Македонија.

Во селото Кремен, биле обвинети за непочитување на организацијата на царските автономисти и подложени на жестоко тепање 40-тина селани. Шестмина од нив биле убиени, според други извори, станува збор за седум убиства. Од ова село бил тепан учителот Георги Москов, кметот Димитар, Григор Парпалев, експертот на тутунската кооперација во Разлог, Георги Стефанов Килов, наречен Правото и уште двајца селани.

На патот меѓу Добриниште и Банско тие ги обесиле кметот Димитар и Григор Парпалев. Другите двајца ги обесиле меѓу Бања и Банско, додека учителот Георги Москов и Ѓузданов биле убиени во еден дол под селото Добриниште.

Наводи

Категорија:Убиени по наредба на Ванчо Михајлов В В