мини|Насловна страница на The Northern Miner, 4 јули 1874 година. The Northern Miner (во превод: Северниот рудар) ― семрежен весник објавуван во Чартерс Тауерс, Квинсленд, Австралија.

Историја The Northern Miner првпат бил основан во 1872 година од Џејмс Смит Рид. Рид го основал весникот само осум месеци по откривањето на златото во гратчето Чартерс Тауерс во Квинсленд.

Во 1876 година, Рид го продал весникот на Тадеус О'Кејн. Како сопственик и уредник на The Northern Miner, О'Кејн се посветил себеси кон весникот, за подобрување на животот на рударите кои работат во Чартерс Тауерс.

Од петте весници објавувани во златните полиња, The Northern Miner бил единствениот што го преживеа падот во ископувањето злато. Весникот и денес е објавуван од истата адреса на улицата „Гил“ на која се наоѓа уште од 1878 година.

Дигитализација Весникот е дигитализиран како дел од Програмата за дигитализација на австралиските весници на Националната библиотека на Австралија.

Поврзано

Список на весници во Австралија Чартерс Тауерс

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Семрежни весници со прекинати печатени изданија Категорија:Појавено во 1872 година во Австралија Категорија:Чартерс Тауерс (град) Категорија:Весници основани во 1872 година Категорија:Весници објанувани во Квинсленд Категорија:Никулци за рударство