Дисеминирана интраваскуларна коагулација е состојба при која се формираат тромбови низ организмот, блокирајќи ги малите крвни садови. Симптомите вклучуваат градна болка, тешко дишење, болка во нозете, проблеми во говорот, или проблеми со движење на делови од телото. Бидејќи настанува истрошување на факторите на коагулација и тромбоцитите, може да настане и крварење. Тоа може да се манифестира како крв во урината, во столицата, или во кожата. Компликациите може да вклучуваат откажување на органите.
Чести причинители се сепса, хируршка интервенција, голема траума, рак, и компликации во бременоста. Поретки причинители вклучуваат каснувања од змија, смрзнатини и изгореници. Постојат два главни типа: акутна и хронична. Дијагнозата обично се заснова на крните тестови. Наодите може да вклучуваат ниска концентрација на тромбоцити, фибриноген, висок INR, или високи D-димери.
Третманот е насочен кон причинителот. Други мерки вклучуваат давање на тромбоцити, криопреципитат или свежо замрзната плазма. Сепак, доказите кои ги поддржуваат овие третмани се слаби. Хепаринот може да биде корисен кај хроничната форма. Околу 1% од луѓето примени во болница ја развиваат оваа состојба. Кај оние со сепса процентот е помеѓу 20% и 50%. Ризикот од смрт варира од 20% до 50%.
Наводи
Категорија:Коагулопатии Категорија:Итни медицински состојби