Панорама ( - сите; - поглед) — широк поглед, односно широк поглед на околината. Техниката за создавање панорама може да биде сликарска или фотографска. Панорамската фотографија прикажува подрачје поголемо од она што одговара на фотографијата направена со објектив со средно жаришно растојание. Поради оваа причина, фотографската техника се состои или од користење широк објектив или комбинирање на неколку фотографии во една. Ширината на фотографијата во повеќето случаи е неколку пати поголема од висината.
Примери на панорамски слики мини|upright=3|Панорама на Битола во 1900, браќа Манаки мини|upright=3|Панорама на Кратово мини|upright=3|Панорама на Прилеп со Марковите кули мини|upright=3|Панорама на Охридското Езеро
Наводи
Категорија:Сликарски техники Категорија:Фотографија Категорија:Грцизми Категорија:Фотографски жанрови