Прва македонска алпинистичка хималајска експедиција „Манаслу '86“ (позната и како I МАХЕ „Манаслу '86“) — прва алпинистичка експедиција на македонските алпинисти на планинскиот масив на Хималаите. Експедицијата се одржала во 1986 година со главна цел искачување на врвот Манаслу (8.163 м) по нова, првенствена насока. Водач на оваа експедиција бил искусниот алпинист Јован Попоски.

Тек на експедицијата Во рамките на експедицијата, првичниот план бил да се искачи потполно нова, технички исклучително тешка насока. Меѓутоа, поради преголемата изложеност на објективни опасности, учесниците биле принудени навреме да се повлечат. Веднаш потоа, групата направила прво повторување на Полската насока, каде што условите биле значително полоши отколку при нејзиното прво искачување од страна на Полјаците. Повторно, поради лошото време и постојаните опасности, тие биле принудени да отстапат откако ја искачиле насоката во самата карпа до Јужното седло, на висина од околу 7.600 м н.в.

На 27 октомври 1986 година, алпинистите Димитар Илиевски, Борче Јовчевски и Слободан Јованоски го поставиле петтиот висински логор на околу 7.600 м н.в. Следниот ден, на 28 октомври, ветрот веќе се засилил до урагански структури, по што била донесена конечна одлука да се прекине со какви било понатамошни напредувања и обиди кон самиот врв.

И покрај тоа што врвот не бил освоен, македонските алпинисти добиле огромни пофалби за својот потфат од светски познатиот алпинист Рајнолд Меснер, како и од познатиот словенечки алпинист Томо Чесен.

„Се надеваме дека следните денови ќе го искачите Манаслу. Ако не успеете — не секирајте се, оваа сезона беше многу лоша за правење експедиции поради страшниот ветер и лошите снежни услови. Повеќето од групите се откажаа уште на крајот на септември. Ние имавме многу среќа и успеавме.“

„Искуствата со коишто се здобивме изведувајќи ја оваа акција под вакви услови, се многу поголеми отколку дури и половината од нас да се качеа на врвот по убаво време.“

Експедицијата официјално започнала на 9 август 1986 година со тргнување на дел од учесниците, а целата група безбедно се вратила во Македонија на 22 ноември 1986 година.

Учесници Во експедицијата учествувале следниве 13 члена: алт=Дел од учсниците на I МАХЕ „Манаслу '86“: Горниот ред, од лево кон десно: Јован Попоски, Благојче Лазаров, Страшо Лозановски, Трајче Алексов, Градимир Здравковиќ и Слободан Јованоски; долниот ред, од лево кон десно Серафим Серафимовски, Димитар Илиевски, Ѓорѓи Костовски, Борче Јовчевски и Живко Арсковски. На фотографијата недостасуваат Слободан Ѓорѓевиќ и Слободан Трпевски. На местото на Градимир Здравковиќ на експедицијата отишол Владимир Бошков. |мини|Дел од учсниците на I МАХЕ „Манаслу '86“: Горниот ред, од лево кон десно: Јован Попоски, Благојче Лазаров, Страшо Лозановски, Трајче Алексов, Градимир Здравковиќ и Слободан Јованоски; долниот ред, од лево кон десно: Серафим Серафимовски, Димитар Илиевски, Ѓорѓи Костовски, Борче Јовчевски и Живко Арсовски. На фотографијата недостасуваат Слободан Ѓорѓевиќ и Слободан Трпевски. На местото на Градимир Здравковиќ на експедицијата отишол Владимир Бошков.   Јован Попоски (алпинист, водач на експедицијата) Трајче Алексов (алпинист) Живко Aрсовски (алпинист и одговорен за метеоролошката станица) Владимир Бошков (доктор на експедицијата) Слободан Ѓорѓевиќ (одговорен за радиоврски) Димитар Илиевски (алпинист) Слободан Јованоски (алпинист) Борче Јовчевски (алпинист, одговорен за работилница, организација и финансии) Ѓорѓи Костовски (алпинист) Благојче Лазаров (алпинист, одговорен за опрема и финансии) Страшо Лозановски (одговорен за исхрана, транспорт и финансии) Серафим Серафимовски (алпинист) Слободан Трпевски (алпинист)

Наводи

Надворешни врски Официјална страница за историјата на експедициите на Македонската алпинистичка федерација

Категорија:Македонски алпинистички експедиции Категорија:Настани во 1986 година Категорија:Македонија во 1986 година