Прва македонска алпинистичка експедиција „Анди '82“ (позната и како I МАЕ „Анди '82“) — алпинистичка експедиција на македонските алпинисти што се одржала во 1982 г. на планинскиот масив Анди во Јужна Америка. Главна цел на експедицијата била искачување на врвовите Чопикалки (6.345 м), Јужен Уаскаран (6.746 м) и Северен Уаскаран (6.655 м). Водач на експедицијата бил алпинистот Јован Попоски.
Учесници Во експедицијата учествувале вкупно 14 соработници и алпинисти: Јован Попоски (водач на експедицијата) Панче Ѓорѓиевски Иван Жежовски Иво Ивчевски Димитар Илиевски Ѓорѓи Костовски Слободан Јованоски Борче Јовчевски Благојче Лазаров Цветан Павловски Горазд Росоклија Слободан Стојков (снимател) Љупчо Поп Стефанија Васил Франговски
Документарен филм За време на одвивањето на експедицијата бил снимен обемен видеоматеријал. Врз основа на тие снимки, во 1984 г. продуцентската куќа „Вардар филм“ го издала документарниот филм „Хуаскаран - Анди '82“ во режија на Кирил Ценевски.
Екипата зад филмот го сочинувале: Сценарио: Слободан Стојков, Кирил Ценевски Снимател: Слободан Стојков Монтажа: Лазар Петковски Тон: Глигор Паковски Текст и говор: Јован Попоски
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски алпинистички експедиции Категорија:Настани во 1982 година Категорија:Македонија во 1982 година