Мартин Давков (роден на 18 декември 1998 година) ― македонски фудбалски голман.
Клупска кариера Младинската играчка кариера за започнал во родната Брегалница 2008 и во младинските категории играл до 2016 година.
За сезоната 2016/17, Давков бил префрлен во сениорскиот состав на прволигашот Брегалница 2008. Таа сезона, Брегалница 2008 и Давков завршиле на претпоследното 9. место во првенството и отпаднале во Втората лига. Сезоната 2017/18, Давков и Брегалница завршиле на третото место во Втората лига - Исток. Истиот учинок на пласирање бил и во сезоната 2018/19. Во сезоната 2019/20, поради ширењето на пандемијата на COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата. На 26 мај, Федерацијата одлучила дека Првенството воопшто нема да се продолжи. Брегалница и Давков биле втори на прекинатата табела таа сезона. Давков во јули 2020 година, за сезоната во Втората лига - Исток 2020/21. бил префрлен во Кит-Го Пехчево со кој завршил повторно на третото место. Сезоната 2020/21, Давков ја почнал во Кит-Го, но на полусезоната се преселил во прволигашот Тиквеш 1930 Кавадарци. Давков и екипата завршиле на десеттото место и победиле во баражот за опстанок против Воска Спорт. Следната сезона, Давков и Тиквеш 1930 Кавадарци застанале на шестото место во лигата. За сезоната 2023/24, Давков се вратил во прволигашот Брегалница 2008.
Наводи
Надворешни врски
Мартин Давков на Transfermarkt.com Мартин Давков на Flashscore.com Мартин Давков на Worldfootball.net
Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери на ФК Пехчево Категорија:Фудбалери на ФК Тиквеш 1930 Кавадарци Категорија:Фудбалери од Штип Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Машки фудбалски голмани Категорија:Македонски фудбалски голмани