Михаил Димитриевски (роден на 11 јули 2002 година) ― македонски одбранбен фудбалер. Тој е брат близнак на фудбалерот Димитриј Димитриевски.
Клупска кариера Како играч на третолигашот Њу Старс, за време на сезоната 2020/21, како и сите екипи, Димитриевски и Њу Старс не ја довршиле сезоната поради задолжителните тестови за КОВИД-19. Во август 2021 година, тој се преселил во Локомотива Бентоекспорт и таму бил до крајот на првата полусезона. Во втората полусезона, во јануари, Димитриевски прво заминал во второлигашот Кит-Го Пехчево и останал таму еден месец. Во февруари 2022 година, тој се префрлил во прволигашот Брегалница 2008. За сезоната 2022/23, во јуни 2022 година, Димитриевски потпишал професионален договор. Следната сезона продолжил да игра во дресот на Брегалница 2008.
Репрезентативна кариера Во 2023 година, Димитриевски бил дел од македонската репрезентација под 21 година.
Наводи
Надворешни врски
Михаил Димитриевски на Transfermarkt.com Михаил Димитриевски на Flashscore.com Михаил Димитриевски на Soccerway.com Михаил Димитриевски на Sofascore.com
Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери на ФК Пехчево Категорија:Фудбалери на ФК Локомотива (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Њу Старс (Скопје) Категорија:Фудбалери од Велес Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2002 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Третата македонска фудбалска лига Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Машки фудбалски одбранбени играчи Категорија:Македонски фудбалски одбранбени играчи Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година