Пендатур — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало меѓу селата Четирок и Сливени.
Историја Селото се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Пендатрол како место со 34 христијански семејства, 2 неженети и 3 вдовици.
Пендатур било мало македонско село кое се распаднало во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Неговите жители се преселиле во Четирок, Косинец и други околни села.
Наводи
Категорија:Историски села во Костур