Кире Новаков (роден на 28 август 2003 година) ― македонски фудбалски голман.
Клупска кариера Младинската играчка кариера за започнал во родната Брегалница 2008 во 2012 година. Летото 2018 година, Новаков се преселил во словенечкиот клуб Крањ каде настапувал во екипата до 17 години. Во летото 2019 година, Новаков го сменил клубот и заминал во Триглав, при што играл во тамошната екипа до 19 години. За сезоната 2022/23, Новаков бил префрлен во сениорскиот состав кој тогаш се натпреварувал во Втората словенечка лига. За сезоната 2023/24, Новаков се вратил во Македонија и повторно заиграл за прволигашот Брегалница 2008.
Репрезентативна кариера Тој бил дел од Македонија под 18 години кога бил повикан во ноември 2019 година. Кире Новаков бил член на Македонија под 19 години и одиграл четири натпревари во периодот 2020 до 2021 година. Во меѓувреме, тој бил пријавен за настап на уште три натпревари, но останал на резервната клупа и не влегувал во игра.
Наводи
Надворешни врски
Кире Новаков на Transfermarkt.com Кире Новаков на Sofascore.com Кире Новаков на Flashscore.com
Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери на НК Крањ Категорија:Фудбалери на НК Триглав Категорија:Фудбалери од Штип Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2003 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората словенечка фудбалска лига Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Машки фудбалски голмани Категорија:Македонски фудбалски голмани Категорија:Македонски младински фудбалски репрезентативци