Васил Докев (бугарски: Васил Докев; 22 мај 1938 - 23 јуни 2017 година) ― бугарски уметник. Работел на полето на апстрактното сликарство, бугарската фолклорна сценографија и костимографска уметност, театарска сцена и костимографија и графички дизајн.Article "Vasil Dokev — father: The 1980’S to Today", Etud gallery, Sofia, Bulgaria, 2016 http://etudgallery.com/2017/03/29/vasildokev/
Животопис Васил Докев е роден во Софија, а дипломирал на Националната академија за уметности во Софија во 1971 година.
На почетокот на својата кариера работел главно во областа на дизајнот на плакати, дизајнот на лого и калиграфијата. Најголем дел од неговите дела од овој период се за Националниот музички театар во Софија, каде што работел како графички дизајнер од 1971 до 1980 година. Во тие години Докев започнал да работи како костимограф и сценограф за Националниот музички театар и Националната опера и балет во Софија. Тој, исто така, создал сцени и костими за многу други театри и балетски друштва во Бугарија, како што е друштвото за современ танц Арабеск . Во 1973 година бил поканет да го создаде својот прв фолклорен сценски дизајн за фолклорниот ансамбл „Пирин“. Тоа го означило почетокот на неговиот интерес за етно-уметноста и фолклорот што влијаел на неговата работа до крајот на неговиот живот.
Во последните децении на неговиот живот, Докев работел претежно во полето на сликарството. Докевите слики се апстрактни и симболични. Тие се исто така засновани на уметнички начека присутни во бугарската и современата етнолошкауметност."Bizart Gallery" about Vasil Dokev's art, Geneva, Switzerland, 1990 Тој учествувал во групни и самостојни изложби во многу држави. Неговите слики се сега во збирката на Софиската градска ликовна галерија и во приватни збирки во Бугарија, Италија, Франција, Швајцарија, Белгија, Данска, Соединетите Држави, и други земји.
Наводи
Категорија:Починати во 2017 година Категорија:Родени во 1938 година Категорија:Бугарски сликари Категорија:Апстрактни сликари Категорија:Бугарски сценографи