Лашко Езеро () е кратерско езеро во планините Ајфел и е најголемото езеро во покраината Рајнска област-Пфалц, Германија. Езерото е со дијаметар од 2 км, се наоѓа на околу 24 км северозападно од Кобленц, 37 км јужно од Бон и 8 км западно од Андернах. Формиран е во калдера на вулканот Лахер по неговата последна ерупција, која датира од 11-тиот милениум п.н.е. Испуштањето гас, кое може да се види како мофети во југоисточниот дел на езерото, е знак за тековен вулканизам. Експлозијата има индекс 6 на скалата на вулкански експлозивни индекси (ВЕИ) и има волумен од 16 км³. За споредба, ерупцијата на Пинатубо во 1991 година била околу 10 км³ (ВЕИ 6), а ерупцијата на Сент Хеленс од 1980 година била само околу 0,5 км³ (ВЕИ 5). Површината на овалното езеро е приближно 3,31 км², максималната длабочина е 51 м.
Самото име на езерото Laacher See е тавтологија. Зборот Laach доаѓа од старогерманскиот lacha, поврзан со денешниот збор Lache, латинскиот lacus и англискиот lake, т.е. езеро. Германскиот збор See значи и езеро.
Во 19 век, језуитскиот ред изгради вила на брегот на Лашкото Езеро. Оваа зграда стана вистинска замка за монасите - за околу 20 години во неа загинаа 17 луѓе, од кои многумина во сон. Долго време нивната смрт остана мистерија додека не беше откриено дека многуте мофети долж брегот испуштаат јаглерод диоксид.Вулканы/Мофеты – ядовитое дыхание спящих вулканов
Според експертите, супервулканот Лахер за време на својата последна ерупција исфрли стотици милиони тони пепел и камења на површина од неколку илјади квадратни километри. Периодично се забележуваат благи потреси, што во комбинација со мофетите укажува дека вулканот е активен.Събужда се „супервулкан“ в Германия, 03 януари 2012, Novini.bg
мини|center|1000пкс|Панорама на Лашкото Езеро
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Езера во Рајнската област-Пфалц Категорија:Вулкани во Германија Категорија:Кратерски езера Категорија:Калдери во Европа Категорија:Заспани вулкани Категорија:Ајфел Категорија:Географија на Рајнската област-Пфалц