Перумал Пар, познат и како Перемул Пар, ― ненаселен корален атол кој припаѓа на подгрупата острови Аминдиви на сојузната територија Лакадиви, Индија. Има растојание од 2,001 км на југ од градот Делхи.
Географија Перумал Пар се наоѓа на , 33 км јужно од Битра Пар и 25 км северозападно од атолот Бангарам.
Атолот е многу сличен по изглед со гребенот Чербаниани по на север. Има голема лагуна без острови во опкружувачкиот гребен, освен 3 мали песочни островчиња сместени во источната област. Површината на лагуните е 83.02 км2. Островите на Перумал Пар се:
Северен Остров, сместен на , со површина од 0.1 хектар. Среден Остров, сместен на , со површина од 0,64 хектар. Јужен Остров, сместен на, со површина од 0,98 хектар.
Екологија Птиците чигри од различни видови го посетуваат овој атол.Birds of Lakshadweep Islands Одредени оштетувања на коралите на овој атол, предизвикани од морската ѕвезда Acanthaster planci „круна од трње“, биле забележани во 1990-тите.Coral Reefs of India: Review of Their Extent, Condition, Research and Management Status by Vineeta Hoon
Нејзините околни води се добро риболовно подрачје за мамки и местото често го посетуваат рибари од населените острови во близина. Туристите од блиското одморалиште на островот Бангарам често прават екскурзии до овој осамен атол.
Наводи
Надворешни врски
Хидрографски опис (Вовед на Индискиот Океан) Авантури за риболов во Арапското Море Птици на островите Лакадиви Список на Атоли Орнитолошка експедиција на архипелагот Лакакадиви Извори кон историјата на Лакадивските Острови Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Туризмот во Лакадиви Категорија:Атоли во Индија Категорија:Земјишни облици во Лакадиви