Спартак (; ; околу 111–71 п.н.е.) бил тракиски гладијатор кој бил еден од избеганите водачи на робови во Третото робовско востание - големо востание на робови против Римската Република. Освен за настаните од востанието многу малку се знае за него, а сочуваните историски документи понекогаш се контрадикторни. Сите извори наведуваат дека бил поранешен гладијатор и успешен војсководец.
Потекло Плутарх го опишува Спартак како „Тракиец од номадско потекло“, и се претпоставува дека тоа се однесува на племето Маиди. Апијан вели дека бил „тракиец по раѓање, кој служел како војник кај Римјаните, но потоа бил затвореник и продаден како гладијатор“.Appian, Civil Wars 1.116
Флориј го опишува како „тракискиот платеник кој станал римски војник, кој дезертирал и станал роб, а потоа, поради неговата сила, гладијатор“.Florus, Epitome of Roman History 2.8.8 Авторите го наведуваат тракиското племе Маиди, кое го населувало подрачјето на југозападниот дел од Тракија, долж границата со римската провинција Македонија – денешна југозападна Бугарија. Плутарх, исто така, пишува дека сопругата на Спартак, пророчица од племето Маиди, била поробена заедно со него.
Поробување и бегство врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/62/Expansion of Rome, 2nd century BC.gif/220px-Expansion of Rome, 2nd century BC.gif|мини| Протегање на Римската Република во 100 година п.н.е. Според различните извори и нивното толкување, Спартак бил заробен од легиите. Спартак бил обучен во гладијаторското училиште (лудус) во близина на Капуа. Тој бил гладијатор во тешка категорија наречени мурмили. Овие борци носеле голем долгнавест штит (scutum) и користеле меч со широко сечило (гладиус), долг околу 45 см. Во 73 п.н.е., Спартак бил меѓу групата гладијатори кои планирале бегство.Plutarch, Crassus, 8:1–2 ; Appian, Civil Wars, 1:116 ; Livy, Periochae, 95:2 ; Florus, Epitome, 2.8. Plutarch claims 78 escaped, Livy claims 74, Appian "about seventy", and Florus says "thirty or rather more men". "Choppers and spits" is from Life of Crassus.
Околу 70 However, according to Cicero (Ad Atticum VI, ii, 8) at the beginning his followers were much less than 50. робови биле дел од заговорот. Иако малкубројни, заплениле кујнски прибор, успеале да побегнат од училиштето и заплениле неколку вагони со гладијаторско оружје и оклопи. Избеганите робови ги поразиле војниците испратени по нив, го ограбиле регионот околу Капуа, во своите редови регрутирале многу други робови и конечно се повлекле во поодбранлива позиција на планината Везув.Plutarch, Crassus, 9:1 .Appian, Civil Wars, 1:116 ; Florus, Epitome, 2.8.
Откако се ослободиле, избеганите гладијатори ги избрале Спартак и двајца галски робови - Крикс и Ономеј - за свои водачи.
Трето робовско востание
Одговорот на Римјаните задоцнил затоа што римските легии биле ангажирани во борбата против бунтот во Хиспанија и Третата Митридатска војна. Рим испратил милиција под команда на преторот Гај Клавдиј Глабер, кој го опколил логорот на Спартак на планината Везув, со надеж дека ќе се предаде поради глад. Римјаните биле изненадени кога Спартак со своите луѓе употребиле јажиња направени од винова лоза за да се спуштат по стрмната страна од вулканот и го нападнале неутврдениот римски логор одзади, убивајќи го најголемиот дел од милицијата.Plutarch, Crassus, 9:1–3 ; Frontinus, Stratagems, Book I, 5:20–22; Appian, Civil Wars, 1:116 ; Broughton, Magistrates of the Roman Republic, p. 109.
Бунтовниците ја поразиле и втората експедиција пратена против нив, и за малку ќе го заробеле командантот, и ги убиле неговите поручници и ја заплениле нивната воената опрема. По овие успеси, сè повеќе робови се приклучувале кон Спартак, но и многу овчари и сточари од регионот, така што бројот на востаниците достигнал околу 70.000.
Спартак се покажал како одличен тактичар, што укажува на тоа дека можеби имал претходно воено искуство. Иако бунтовниците немале воена обука, тие вешто ги користеле материјалите кои им биле на располагање и имале необични тактики против дисциплинираната римска војска.Frontinus, Stratagems, Book I, 5:20–22 and Book VII:6. Зимата 73–72 год. п.н.е. ја поминале во обука, вооружување и опремување на новите регрути и почнале да ги напаѓаат и градовите Нола, Нучерија, Тури и Метапонтум.Florus, Epitome, 2.8.
Пролетта 72 п.н.е., бунтовниците ги напуштиле зимските логори и тргнале на север. Истовремено, Римскиот Сенат, вознемирен од поразот на преторијанските сили, испратил две конзуларни легии. Двете легии биле успешни на почетокот - во близина на планината Гарган ја поразиле групата од 30.000 бунтовници командувани од Крикс - но потоа биле поразени од Спартак. Овие порази на различен начин се прикажани во двете најсеопфатни (зачувани) записи од востанието од Апијан и Плутарх.
Вознемирени од заканата од робовите, Сенатот го назначил Марк Лициниј Крас, најбогатиот човек во Рим и единствениот доброволец за таа позиција, да го задуши бунтот. На Крас му биле доделени осум легии, кои броеле над 40.000 обучени римски војници; Крас вовел остра дисциплина, повторно воведувајќи ја казната „ децимација “, во која една десетина од војниците биле убиени за останатите војници повеќе да се плашат од него отколку од непријателот. Откако Спартак со своите следбеници, од нејасни причини се повлекле на југот на Италија, на почетокот од 71 г. п.н.е. се вратиле на север. Крас во меѓувреме распоредил шест од неговите легии на границите на регионот, а на својот легат Мумиј му дал две легии да маневрира зад Спартак. Иако му било наредено да не ги напаѓа бунтовниците, Мумиј нападнал во навидум погоден момент, но бил разбиен. По ова, легиите на Крас победиле во неколку битки, принудувајќи го Спартак преку Луканија да оди на југ. Кон крајот на 71 година п.н.е., Спартак се утврдил во Региум (Реџо Калабрија), во близина на Месинскиот Проток. врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/43/Spartacus by Sanesi.jpg/180px-Spartacus by Sanesi.jpg|мини| Приказ на убиството на Спартак од Никола Санези (1818–1889) Според Плутарх, Спартак се договорил со килиски пирати да го пренесат со околу 2.000 свои луѓе на Сицилија, каде што сакал да поттикне бунт на робовите и така да добие засилување. Меѓутоа, бил изневерен од пиратите, кои му наплатиле, а потоа си заминале.Plutarch, Crassus, 10:1–3 . Силите на Спартак потоа се повлекле кон Региум. Таму пристигнале легиите на Крас и изградиле утврдувања. Бунтовниците биле под опсада и отсечени од своите резерви.Plutarch, Crassus, 10:4–5 .
Тогаш, легиите на Помпеј се вратиле од Хиспанија и добиле наредба од Сенатот да се упатат кон југ за да му помогнат на Крас.Contrast Plutarch, Crassus, 11:2 with Appian, Civil Wars, 1:119 . Крас се плашел дека учеството на Помпеј ќе му ја одземе заслугата за поразот на Спартак. Откако дознал за Помпеј, Спартак се обидел да склучи примирје со Крас.Appian, Civil Wars, 1:120 . Откако Крас одбил, Спартак и неговата војска ги пробиле римските утврдувања и се упатиле кон Брундузиум, а легиите на Крас ги гонеле.Appian, Civil Wars, 1:120 ; Plutarch, Crassus, 10:6 .
Кога легиите заробиле дел од бунтовниците одвоени од главната војска,Plutarch, Crassus, 11:3 ; Livy, Periochae, 97:1 . Bradley, Slavery and Rebellion. p. 97; Plutarch, Crassus, 11:4 . настапила недисциплина меѓу силите на Спартак.Plutarch, Crassus, 11:5 ;. Спартак со сета своја војска ги нападнал легиите и бунтовниците биле целосно разбиени, а многумина од нив биле убиени на бојното поле.Appian, Civil Wars, 1:120 ; Plutarch, Crassus, 11:6–7 ; Livy, Periochae, 97.1 .
Плутарх, Апијан и Флор тврдат дека Спартак умрел за време на битката, но Апијан исто така известува дека неговото тело не било пронајдено.Appian, Civil Wars, 1:120 ; Florus, Epitome, 2.8. Шест илјади преживеани бунтовници кои биле заробени од легиите на Крас, биле распнати на крст, долж Вија Апија од Рим до Капуа.Appian, Civil Wars, 1.120 .
Оставина и признание Тусен Лувертур, водач на бунтот на робовите во кој се избориле за независност на Хаити, бил наречен „Црниот Спартак“.
Адам Вајшаупт, основач на баварските илуминати, честопати во писмените преписки себеси се нарекувал Спартак.
Во комунизмот Спартак бил икона за комунистите и социјалистите. Карл Маркс го навел Спартак како еден од неговите херои и го опишал како „најпрекрасниот другар во целокупната античка историја“ и „голем генерал, благороден карактер, вистински претставник на античкиот пролетаријат “. Спартак бил инспирација за левичарските револуционери, особено германската Спартакова лига (1915–1818), претходник на Комунистичката партија на Германија. Востанието на германските комунисти од јануари 1919 година било наречено Спартацистичко востание.
Во спортот Неколку спортски клубови ширум светот, особено во поранешниот советски и комунистички блок го носат името на римскиот гладијатор.
Во Русија ФК Спартак Москва, фудбалски клуб Спартак Санкт Петербург, кошаркарски тим Тениски клуб Спартак, тениски тренинг објект ЖКК Спартак Москва, женски кошаркарски тим
Во Украина ФК Спартак Суми, фудбалски клуб Спартак Ивано-Франковск, фудбалски тим Закарпатија Ужхород, фудбалски клуб, порано познат како Спартак Ужхород Спартак Лвов Спартак Киев Спартак Одеса, фудбалски тим кој се натпреварувал во советската воена лига во 1941 година Спартак Харков, фудбалски тим кој се натпреварувал во советската воена лига во 1941 година
Во Бугарија ПФЦ Спартак Варна, фудбалски тим ПФЦ Спартак Плевен, фудбалска екипа ФК Спартак Пловдив, фудбалска екипа Спартак Софија, поранешен фудбалски тим
Во Србија ФК Спартак Суботица, фудбалски тим
Во Словачка ФК Спартак Трнава, фудбалска екипа ФК Спартак Врабле, фудбалски тим ФК Спартак Бановце над Бебраво, фудбалски тим
Во други земји Стадион Спартак (појаснување) Барнт Грин Спартак ФК, англиски фудбалски тим Спартак (Капо Верде), фудбалски тим од Зеленортските Острови ФК Спартак Семеј, казахстански фудбалски тим
Во популарната култура врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a4/Spartacus statue by Denis Foyatier.jpg/180px-Spartacus statue by Denis Foyatier.jpg|мини| Спартак, мермерна скулптура од Денис Фојатие (1830), музеј Лувр
Филм Спартак (1960), со Кирк Даглас во главната улога, заснован на романот Спартак од Хауард Фаст, и во режија на Стенли Кјубрик. Фразата "Јас сум Спартак!" од овој филм се наведува во многу други филмови, телевизиски програми и реклами.
Музика „Спартаковата увертира“ од композиторот Камил Сен-Санс во 1863 година. „Љубовната тематика од Спартак“ бил хит на композиторот Алекс Норт и станал џез стандард . Спартак (1954, првпат поставен во 1956 година) е балет, со партитура на ерменскиот композитор Арам Хачатурјан.
Поврзано Спартаково востание Гладијатор Спартак (филм) Спартак (балет) Тракијци
Наводи
Библиографија
Класични автори
Апијан . Граѓански војни . (Harmondsworth: Penguin Books, 1996) Флор. Класичен пример на римската историја . (Лондон: В. Хајнеман, 1947) Оросиј . Седумте книги од историјата против паганите. (Вашингтон, ДЦ: Католички универзитет на Америка Прес, 1964). Плутарх: Падот на Римската Република (London: Penguin Books, 1972), со посебен акцент ставен на „Животот на Крас“ и „Животот на Помпеј“. Салустиј: Заговор на Катилина и војна на Југурта . (Лондон: Констабл, 1924)
Современа историографија
Бредли, Кит Р. Ропство и бунт во римскиот свет, 140 п.н.е.–70 п.н.е. Блумингтон; Индијанаполис: Indiana University Press, 1989 година (тврд повез, ); 1998 година (мекер, ). [Поглавје V] Војната на робовите на Спартак, стр. 83–101. Рубинсон, Волфганг Зеев. Востанието на Спартак и советското историско пишување . Oxford: Oxbow Books, 1987 година (мекер, ). Спартак: Филм и историја, уредена од Мартин М. Винклер. Oxford: Blackwell Publishers, 2007 година (тврд повез, ; мека, ). Троу, МЈ Спартак: Митот и човекот . Stroud, Обединетото Кралство: Sutton Publishing, 2006 година (тврд повез, ).