Радио С ― месна радио станица во Свети Николе, Македонија. Својата програма Радио С ја емитува од своето студио на адреса ул. „Маршал Тито“ бр.77, во склоп на комплексот на просториите на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Државин“. Покриеноста со сигнал на Радио С е 100% во Свети Николе со околината и 80 % покриеност во Штип, со посебен нагласок на автопатите и околината на Свети Николе.
Историја Радио Свети Николе како месен медиум постои уште од 1971 година во склоп на Домот на културата Свети Николе. Во 2007 година Радио Свети Николе дошло под сопственост на Меѓународниот славјански универзитет како студентско радио. На 2 април 2020 година Радио Свети Николе било ребрендирано во Радио С придружна радио станица на Радио Канал 77.
Поврзано Канал 77 Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“
Наводи
Надворешни врски Службена мрежна страница на Радио С
Категорија:Радиостаници во Македонија Категорија:Култура на Свети Николе Категорија:Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Категорија:Појавено во 1971 година во Македонија