Киноверзум е единствениот македонски ланец на кина. Започна во 2019 година како кино кое се наоѓа во рамки на кампусот на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе. Киноверзум е првото и единствено универзитетско кино и прво 3D кино во Вардарскиот и Источниот регион на Република Македонија.
Историја Започнало со работа во декември 2019 година во Свети Николе. Основачот на киното, Михаела Ѓорчева, е единствената жена сопственик на приватно кино во Република Македонија, и е дел од листата на Forbеs 30 под 30 за Европа во 2022 година. Во Киноверзум е прикажан и првиот македонски филм на Нетфликс, Сестри на Дина Дума.
Во 2023 ја отвори својата втора кино сала во Велес и својата трета кино сала во Штип.
Во 2023 Киноверзум прерасна во првиот и единствен македонски ланец на кина.
Киноверзум има кино сали во Општина Кисела Вода во Домот на култура „Билјана Беличанец“ и Драчево - Скопје.
Програма Во Киноверзум се прикажуваат светските премиери на филмови, и досега има прикажано повеќе од 600 филмови со над 10.000 проекции. Во склоп на киното Киноверзум има свој ресторан и игротека.
Наводи
Надворешни врски Службена мрежна страница на Киноверзум
Категорија:Кинематографија на Македонија Категорија:Култура на Свети Николе Категорија:Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Категорија:Појавено во 2019 година во Македонија