Речно улиште — македонска дебитанска книга, збирка раскази од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 1981 година во СР Македонија.Драги Михајловски, стра 209 –222

Содржина Речно улиште е книга со збирка раскази кои се реминисценции од детството на авторот во кои провејува во фиктивниот свет на неговите сеавања. Спомените и детските фантазии се ројат околу реката Курдерес во Битола како пчелите околу водата. Оттука доаѓа и насловот на збирката. Писателската имагинација кривулка по течението на Курдерес (на турски „крива река”) низ мозаикот од разни детски доживувања, сеќавања, расположенија, мечти и фантазии. Во „Сенка”, „Слика” и „Мрежа” се прикажани случките од детството поврзани со родителите, во „Леван” првите љубовни мечти и така натаму. Детството на авторот не е преокупација на Михајловски само во раниот период од неговото творештво, туку и во книгите за деца, како и во неговиот последен роман, Бдеењето на Одисеј.

Наводи

Поврзано Драги Михајловски Македонска книжевност

Надворешни врски Драги Михајловски – еден од најдобрите современи македонски писатели и преведувачи

Категорија:Македонски раскази Категорија:Раскази кои се одвиваат во Македонија Категорија:Дела на Драги Михајловски Категорија:Книги од 1981 година