Хотел „Палас“ — хотел во градот Охрид чија зграда е прогласена за културно наследство на Македонија.
Архитектура Хотелот е сместен на охридското шеталиште — од една страна гледа кон кејот „Македонија“, а од другата кон ил „Партизанска“. Изграден е во периодот од 1952 до 1957 година. Архитектурата на карактеристична за модернизмот кој преовладувал во тоа време. Градена е на четири дела. Првиот дел, која има партитура и пет ката, е без еркери, со правоаголни прозорци, сместени симетрично еден над друг, а фасадата на тој дел е од бел мермер. Останатите два дела се од партер и еден кат, со истата карактеристична мернерна фасада и строга симетрија. Двата дела се многупати реновирани, ресторанот е дограден во различен архитектонски стил. На приземниот кат хотелот има влезена сала со рецепција кон улицата „Партизанска“, а кон кејот се хотелските соби меѓу кои и ресторанот и барот, додека пак на катовите се гостинските соби.
Зградата е во релативно добра состојба, но по затворањето на хотелот трпи постепени оштетувања поради неодржување. Зградата е наполно автентично зачувана, особено фасадата. Исклучок е ресторанот, кој е дограден и обновен од стакло и алуминиум, нарушувајќи го автентичниот изглед на хотелот.
Во 2016 г. е отпочната реконструкција на хотелот со цел негово повторно отворање.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Палас Категорија:Згради и градби во Охрид Категорија:Модернистичка архитектура Категорија:Појавено во 1952 година во Македонија Категорија:Појавено во 1957 година во Македонија