Пјетро Маскањи (италијански:Pietro Mascagni; 7 декември 1863 - 2 август 1945 година) бил италијански композитор познат по своите опери. Неговото ремек дело Кавалерија рустикана од 1890 година предизвикало една од најголемите сензации во историјата на операта и во италијанската драмска музика го вовела движењето веризам. Иако за Маскањи често се сметало, како и за Руџеро Леонкавало, дека е „човек со една опера“ кој не ќе може да го повтори успехот на првото дело, Другарот Фриц и Ирис опстанале на репертоарот низ Европа (претежно во Италија) уште од нивните премиери.
Маскањи напишал петнаесет опери, оперета, неколку оркестарски и вокални дела, како и песни и музика за пијано. За време на својот живот бил почитуван и како композитор и како диригент на своја и туѓа музика и создавал различни стилови во своите опери.
Биографија Маскањи е роден на 7 декември 1863 година во Ливорно, Тоскана, втор син на Доменико и Емилија Маскањи. Неговиот татко имал пекарница. Доживотниот пријател и соработник на Маскањи, Џовани Тарџиони-Точети е роден истата година во истиот град.
Во 1876 година, на 13-годишна возраст, Маскањи започнал музички студии кај Алфредо Софредини, кој претходно го основал Музичкиот институт во Ливорно (Instituto Musicale di Livorno). Маскањи започнал да компонира многу брзо: помеѓу 1879 и 1880 година, напишал неколку дела: Sinfonia in do minore, Prima sinfonia in fa maggiore, Elegia, Kyrie, Gloria и Ave Maria .
Одбрани дела
Опери
Кавалерија рустикана (17 мај 1890 година Театро Костанци, Рим) Другарот Фриц (31 октомври 1891 година Театро Костанци, Рим) I Rantzau (10 ноември 1892 Teatro La Pergola, Фиренца) Guglielmo Ratcliff (16 февруари 1895 Театро ала Скала, Милано), компониран помеѓу 1885 и раните 1890-ти Силвано (25 март 1895 Театро ала Скала, Милано) Зането (2 март 1896 Liceo Musicale, Пезаро) Ирис (22 ноември 1898 Театро Костанци, Рим) Le maschere (17 јануари 1901 година Театро Карло Феличе, Џенова – Театро Реџо, Торино – Театро ала Скала, Милано – Театро Ла Фениче, Венеција – Театро Филармонико, Верона – Театро Костанци, Рим) Amica (16 март 1905 година, Монте Карло, на француски) Isabeau (2 јуни 1911 година Театро Колисео, Буенос Аирес ) Паризина (15 декември 1913 година Театро ала Скала, Милано) Лодолета (30 април 1917 година Театро Костанци, Рим) Il piccolo Marat (2 мај 1921 година Театро Костанци, Рим) Пинота (23 март 1932 година Казино, Сан Ремо), адаптирана од кантата Ин филанда (1881) Нероне (16 јануари 1935 Театро ала Скала, Милано), со музика напишана помеѓу 1890-тите и 1930-тите
Оперета
Си (13 декември 1919 година Театро Квирино, Рим)
Црковна музика
Меса ди Глорија во Ф-дур за солисти, хор и оркестар (1888)
Оркестарска музика
Џакомо Леопарди, кантата за глас (сопран) и оркестар (19 јуни 1898 година, Театро Персиани, Реканати) Il re a Napoli, романза за тенор и оркестар (18 март 1885 година Општински театар, Кремона)
Предвидени проекти За време на неговата долга кариера, Маскањи размислувал да напише многу опери. Следи нецелосна листа на вакви проекти, кои не биле објавени:
Зилија, веројатно по либрето од Феличе Романи (околу 1877 г.) Скамполо, веројатно по либрето од Дарио Никодеми (околу 1921 г.) I Bianchi ed i Neri, по либрето од Марио Гисалберти (околу 1938)
Во други медиуми
Саундтракот од филмот Разгневениот бик од 1980 година го користи Интермецо од Кавалерија рустикана, Бараколе од Силвано и Интермецо од Guglielmo Ratcliff (познато како Песната на Ратклиф).Powrie, Phil and Stilwell, Robynn Jeananne (2006).
Филмот „Кум“ дел III, од 1990 година, ја користел Кавалерија рустикана во Театро Масимо во Палермо како амбиент за својата кулминација. Филмот завршува со свирење на Интермецо.
Во 2001 година, Андреа Бочели сними песна насловена како „Maскањи“ (Mascagni) на неговиот албум „Тоскански неба“ (Cieli di Toscana), во која имаше извадок од „Кавалерија рустикана“ вметната во музиката.
Наводи
Дополнителни извори
Надворешни врски
Официјална италијанска веб-страница за Пјетро Маскањи Англиска веб-страница за Пјетро Маскањи Снимки од цилиндрите Mascagni, од Проектот за зачувување и дигитализација на цилиндрите на Универзитетот во Калифорнија, библиотека Санта Барбара . партитури
Works by or about Pietro Mascagni
Категорија:Луѓе од Ливорно Категорија:Римокатолички христијани од Италија Категорија:Италијански оперски композитори Категорија:Композитори на класична музика од 20 век Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Родени во 1863 година Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Членови на кралската академија на Италија Категорија:Италијански класични композитори Категорија:Италијански музичари од 20-ти век Категорија:Италијански композитори од 20-ти век Категорија:Италијански музичари од 19-ти век Категорија:Италијански композитори од 19-ти век