Авлии — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Преод. Претставува населба од римско време.
На 500 м северно од селото, во нивите на браќата Златеви се наоѓаат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Откриени се и остатоци од водоводни цевки – тубули. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Св. Николе.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 357, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Преод; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско.
Наводи