Милан Бутожан (Роден во Панчево, 28 ноември 1905г. - починал во Загреб, 30 март 1943г.) бил српски сликар, вајар, графичар, писател, ликовен критичар и педагог, кој бил убиен од усташите за време на Втората светска војна.
Биографија Милан Бутозан, бил академски сликар, вајар, графичар, писател, ликовен критичар и педагог, и бил роден во Панчево во 1905 година. Основното и средното образование го стекнал во родното Панчево, а сериозното уметничко образование го започнал на Кралската академија на уметностите во Загреб, во класата на тогаш познатиот професор Јозо Кљаковиќ, специјализирајќи за изработка на фрески, а завршил во Белград, на Уметничката школа, 1931 година.
Уметничкиот опус на Бутозан опфаќал 2000 дела: бројни портрети, 2 циклуси фрески, околу 1000 графики и најмалку 15 скулптури, изложени на бројни самостојни и групни изложби во Панчево, (1933, 1934, 1939) (1931, 1939), Белград (1939, 1939), Загреб (1932,1934, 1936 и 1940) и во странство. Денес, неговите дела се наоѓаат во неколку музејски и приватни збирки низ поранешна Југославија, Швајцарија и Австрија, додека неговото лично наследство, дневник и документација од околу 6.000 страници се чуваат во Архивот за ликовни уметности на Хрватската академија на науките и уметностите во Загреб. Во меѓувреме, во Панчево се одржани неговите две ретроспективни изложби, во 1959 и 2004 година.www.glas-javnosti.co.yu , Посетено на 1. 4. 2013. години.
Умрел во Загреб во 1943 година, под се уште неразјаснети околности официјално, за време на едно полициско сослушување. И денеска не се знае каде е погребан.
Галерија
Библиографија
Национална и универзитетска библиотека, Хрватска библиографија: Книги 1-2, Библиотека, Загреб, (2002 г. )
Наводи
Литература
Жарко Домљан, Ликовна енциклопедија Југославије, Том 1, Југославенски лексикографски завод „Мирослав Крлежа“, Загреб, (1984) стр. 213 Слаѓана Диниќ Ѓорѓевиќ, Ѕидни слики на Милан Бутозан од параклисот Св. Ѓорѓе на Старом православно гробљу во Панчеву, -истраживачки радови, Гласник друштво конзерватора Србије бр. 34 (2010): стр. 180-183. Живковиќ, Станислав, Уметничка школа во Београд 1919—1939., САНУ, Белград (1987 г. ) Milan Butozan, Misao 40. knjiga, Beograd, (1932), pp. 193. Војводински музеј, Дело на војводинските музеи, Нови Сад, 1958. страна 310. Грго Гамулин, Хрватско сликарство XX. век книга 2, Напријед, Загреб, (1987) стр. 278.607. Станислав Живков: Во потрага по слика; Милан Бутозан 1905—1943; Градска библиотека Панчево / Вирибус Унитис; Панчево - Сплит 2007 година
Надворешни врски
КОЈ Е КОЈ во српската уметност Милан Бутозан (1905-1943) М. Шашиќ-Фрески под вар М. Димитријевиќ-Сликарството како судбина „Скратената“ изложба на Милан Бутозан се одржа во Панчево Збирка на ликовни уметности Биографија на Матица Српска
Категорија:Српски просветари Категорија:Жртви на Втората светска војна Категорија:Српски сликари Категорија:Луѓе од Панчево Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Родени во 1905 година