Свети Константин и Елена — главна селска црква во кочанското село Соколарци, Македонија.

Црквата претставува парохиски храм на Соколарската парохија.

Местоположба

Црквата е сместена на сретселото.

До 1913 година, околу црквата се наоѓале селските гробишта, кои оттогаш биле преместени и сега се наоѓаат западно од селото.

Историја

Изградена е во 1848 година, а во 1892 година била обновена.

Според истражувачот Јован Трифуноски денешната црква била изградена во 1880 година на место на постара црквичка која еднаш случајно била запалена („изгорела од свеќата на попот“).

Над самиот главен влез во црквата пак стои запишана годината 1890 како година на подигнување.

Фрескоживопис

Црквата не е зографисана.

Икони и иконостас

Иконите во црквата се од XIX век, дело на непознат автор.

Иконите „Богородица со Христос“, „Свети Димитрија“ и „Вознесение Христово“ се изработени во 1895 година, дело на прочуениот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.

Галерија

Поврзано Кочанско архијерејско намесништво Соколарска парохија Соколарци

Наводи

Надворешни врски

Соколарци Категорија:Дела на Дебарската школа