Стари Трг кај Лож (словенечки: Stari trg pri Ložu) — населба во Општина Лошка Долина во западна Словенија. Населбата е центар на општината Лошка Долина. Областа е дел од историскиот регион Нотрањска. Населбата сега е вклучена во Приморско-нотрањскиот статистички регион.
Црква Парохиската црква во населбата е посветена на Свети Георги и припаѓа на Љубљанската архиепископија. Парохијата била создадена во втората половина на 12 век, а црквата првпат била спомната во пишаните документи кои датираат од 1221 година. Оригиналната црква била повторно изградена и проширена во неколку наврати. Во сегашната зграда се зачувани фрески од почетокот на 16 век, а постојното светилиште е доградено во 1643 година. Категорија:Општина Лошка Долина