Леони Фрида (родена 1956 година) е ќерка на шведски аристократи, поранешен модел, преведувач и писател, кој работи и живее во Обединетото Кралство.

Школувана во ОК, Франција и Германија, Фрида зборува пет јазици. Нејзината прва книга била биографија на Катерина де Медичи. Објавена во Обединетото Кралство во 2004 година и САД во 2005 година, по што станала бестселер. Фрида има снимено и документарни филмови за ТВ.

Таа живее во Лондон со двете деца од нејзиниот поранешен сопруг, музичкиот продуцент Најџел Фрида.

Дела

Катерина де Медичи: ренесансна кралица на Франција (Вајденфелд и Николсон, 2004) Смртоносно сестринство: приказна за жените, моќта и интригите во италијанската ренесанса (Вајденфелд и Николсон, 2012) Френсис I: Творецот на модерната Франција (Вајденфелд и Николсон, 2018)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Шведски писатели