Градиште — археолошко наоѓалиште кај скопското село Горно Коњари, Општина Петровец. Претставува пајонска населба од железното време и раната антика, древномакедонско и римско време.Зоран Георгиев, Три предримски населби крај Пчиња, Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, бр. 17-18, Скопје 1990-1991, 97-99, план III, движни наоди сл. 7
Се наоѓа на 1 км пред влезот во селото, на блага терасеста височинка крај левиот брег на реката Пчиња. Во нивите на ЗИК „Скопско Поле“, на површина од околу 8 хектари се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. На северниот крај на наоѓалиштето има голем тумул според кој местото се вика Тумбарка.
Поврзано Миљковци — црква и некропола од ранохристијснко време Орници — неопределено наоѓалиште од непознат период Бајрамица — некропола од средниот век
Наводи
Категорија:Пајонски градови Категорија:Градови во Античка Македонија