Литје Херн () — мал ненаселен источнофризиски остров и слободна област во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Островот се наоѓа во близина на северниот брег на Германија, со површина од 0,065 км2. Се наоѓа околу 3-4 километри југоисточно од островот Боркум.

Историја

Првпат бил споменат во 1576 година како Хоге Херн (Hooghe Hörn) во водич за пловење. Од 1859 година, островот бил прикажуван на топографските карти на калливите површини (Watt) југоисточно од Боркум.

Надворешни врски

Категорија:Лер (округ) Категорија:Нездружени подрачја во Долна Саксонија Категорија:Острови во Долна Саксонија Категорија:Источнофризиски Острови Категорија:Ненаселени острови