Цетел () — општина во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри југозападно од Вилхелмсхафен и 12 километри западно од Фарел.
Географија Местоположба
Општината Цетел во североисточниот дел со еден мал свој дел се граничи со Јадскиот Залив. Останатиот дел на општината се наоѓа на гест. Во источниот и во западниот дел на општината се наоѓаат големи шумски подрачја.
Соседни општини
Соседни општини на Цетел се Бокхорн на исток, Занде на север, Фридебург на запад и Упленген на југ.
Поголеми градови во близина се Вилхелмсхафен (околу 20 километри североисточно), Олденбург (околу 40 километри југоисточно) и Емден (околу 50 километри југозападно).
Општински единици
Општината се состои од следниве места и имоти:
Аштеде Аштедерфелд Боленберге Боленбергерфелд Колштеде Дрифел Еленс Фуренкамп Нојенбург Нојенбургерфелд Рутел Рутелефелд Шползен Швајнебрик Клајн Швајнебрик Цетел
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фризија (округ) Категорија:Општини во Долна Саксонија