Гандеркезе (; ) — општина во округот Олденбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 16 километри југоисточно од градот Олденбург.

Географија Местоположба

Гандеркезе се наоѓа околу 20 километри западно од центарот на Бремен, на северниот раб од Природниот парк „Вилдесхаузер Гест“. Најсеверниот дел на општината се наоѓа во долината на Везер, што е рамно мочуриште.

Општината Гандеркезе на исток се граничи со слободниот град Делменхорст, на север со општините Лемвердер и Берне во округот Везермарш, како и општината Худе, на запад со општината Хатен и на југ со општините Детлинген и Харпштет.

Општински единици

Кон општината Гандеркезе припаѓаат следниве места:

Алмсло Бергедорф Бокхолцберг Бокхорн Бирстел Елмело Фалкенбург Гандеркезе Грипенбирен Хабриге Хафекост Хајде Хенгстерхолц Хоенбекен Холцкамп Хојерсвеге Хојкенкамп Имер Нојенланде Ретхорн Ширброк Шлутер Шенемор Штајнкимен Штенум

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Олденбург (округ) Категорија:Општини во Долна Саксонија